Пет нови предлози: што да читате во декември?

Студените декемвриски денови поминете ги во топлиот домашен амбиент со книга в раце. Со вкусен чај и покриени со топло ќебе, одморете од секојдневните обврски читaјќи ги своите омилени изданија. Доколку сакате да ги збогатите своите домашни библиотеки со нови наслови ви претставуваме предлог-листа со пет свежи наслови од полиците на „Литература.мк“ што може да ги прочитате во декември.

„Океј сме“ – Нина Лакур


Марин не прозборела со никој од нејзиното минато од моментот кога го остави зад себе. Никој не ја знае вистината за тоа што се случило во последните недели. Дури ни нејзината најдобра другарка Мабел. Но, и илјадници километри подалеку од брегот на Калифорнија, на колеџот во Њујорк, Марин сè уште го чувствува влечењето на животот и трагедијата што се обидува да ги преброди. Сега, месеци подоцна, сама во празен студентски дом во текот на зимскиот распуст, Марин чека. Мабел ѝ доаѓа во посета, а таа ќе биде принудена да се соочи со сè што премолчила и конечно да ѝ се спротивстави на осаменоста што се вселила во нејзиното срце.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

„Морам да знам“ – Карен Кливленд


Овој психолошки трилер од „ЦИА инсајдер“ навистина ќе ве заледи. Во потрагата по руски шпионски круг во Америка, една аналитичарка од ЦИА открива смртоносна тајна што ќе ја преиспита нејзината лојалност кон Агенцијата, но и кон нејзиното семејство. Што би направиле кога сè во што имате доверба излегува дека е лага? Вивијан Милер. Врвна аналитичарка во ЦИА, среќно омажена со сопруг што го обожава, мајка на четири прекрасни деца. Но, во еден момент, таа открива нешто толку страшно, што почнува да се сомнева во сè околу себе. Вивијан е решена да ја одбрани својата земја од сите непријатели, странски и домашни. Но, сега, соочена е со невозможен избор. Растргната помеѓу лојалност и предавство, соработка или проневера, љубов или сомнеж. Кому да верува? Не пропуштајте го „Морам да знам“, роман преведен на повеќе од дваесет јазици ширум светот, за кој се подготвува и филм со Шарлиз Терон во главната улога.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

„Секој полудува на свој начин“ – Стефан Чапалику


„Секој полудува на свој начин“ од Стефан Чапалику е роман за лудилото што настапува во Албанија со стапувањето на сила на комунистичката диктатура во 1967 година, кога земјата се прогласува за атеистичка држава, па сè до 1985 година, кога овој период, со смртта на диктаторот, наводно завршува.
Дејството е сместено во Скадар, во неколку од неговите најпознати маала, и е прикажано низ автобиографската призма на авторот/наратор, кој воедно е и главниот лик во делото. И другите ликови, како и тој самиот, се вистински луѓе, сведоци и протагонисти во случувањата опишани во романот. Чапалику овде ни понудува извонреден „пресек“ на Скадар од овој период, на неговите улици, куќи и маала, на животот и на обичните луѓе и на оние поистакнатите граѓани, од доменот на културата и уметноста, на природните убавини на околните пејзажи наспроти грдотијата на архитектурата на едноумието… А сето ова е мизансцената за психолошките драми што се случуваат во домовите, во дворовите, во училиштата, по улиците и кафеаните на градот…
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

„Музика на случајноста“ – Пол Остер

Романот на Остер го следи Џим Неш, бостонски пожарникар, кој, откако го троши своето неочекувано наследство во возење низ Америка, по пат собира еден млад коцкар, со план да измамат двајца ексцентрични милионери. Но, планот не успева и тие брзо се наоѓаат на една ливада во Пенсилванија, принудени да изградат еден бесмислен ѕид од камења земени од урнатини на ирски замок од петнаесеттиот век. Времето минува, нивните долгови растат, исто како и нивниот бес, додека се обидуваат да се извлечат од ова кафкијанско ропство. Популарниот автор на бестселери, Пол Остер, нѐ воведува во својот свет на сурови зделки и казнени каприци, свет во кој среќата и случајноста се непредвидлива сила.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

„Тета Тула“ – Мигел де Унамуно

„Тета Тула“ е приказна за животот на Гертруда, која со текот на времето станува позната како тета Тула, и за жртвите што таа ги прави за време на животот за да го задоволи поривот на мајчинството.
Главната тема на ова дело е токму мајчинството, но изразено повеќезначно низ луцидната призма на Мигел де Унамуно, кој оваа тема ја разработува на мошне оригинален начин, задирајќи и во подлабоките слоеви на женската психологија.
„Тета Тула“ е еден од најпознатите романи на Унамуно. Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.