„Секој полудува на свој начин“ – Стефан Чапалику

„Секој полудува на свој начин“ од Стефан Чапалику е роман за лудилото што настапува во Албанија со стапувањето на сила на комунистичката диктатура во 1967 година, кога земјата се прогласува за атеистичка држава, па сè до 1985 година, кога овој период, со смртта на диктаторот Енвер Хоџа.
И меѓу овие значајни прилики што го обележуваат албанскиот најфренетичен период на комунистичкиот режим во земјата, се појавува уште еден настан: воведувањето на телевизиски сет во семејството на раскажувачот.
Оваа магична кутија, воведена токму во моментот кога Албанија забрзано ита кон безнадежност и меѓународна изолација, го дели романот на три дела: пред – воведувањето на телевизијата, во текот на – кога телевизијата служела како прозорец кон светот и потоа – кога меѓународните сигнали биле блокирани и прозорецот затворен. Секој дел е составен од 21 поглавје. Заедно со овие 63 поглавја, нараторот незабележливо старее.
Романот започнува во околина во која се уништени воспоставените верски институции, додека истовремено се раѓа и нова – телевизија, медиумите. Романот завршува кога албанскиот диктатор Енвер Хоџа го остварува својот сон: да умре во кревет (а не во рацете на неговите непријатели, вистински и замислени).
Во текот на годините на трансформација на куќата на нараторот во кино, имаме можност одблизу да се запознаеме со ликовите што градот великодушно ги донирал во сеќавањата на авторот. Многу ликови во романот често се опишани со комични нијанси, иако контекстот во кој тие биле сместени бил драматичен или дури и трагичен.
Романот е автобиографско, литературно сведоштво за телото, душата, и умот на Албанија во најфренетичниот период. Современата албанска литература се навраќа на комунизмот или преку лажните херои блиски до “Блокот” (партиска елита) или вистинските херои кои биле затворани. Ова не е роман за хероите, лажните или вистинските.
Издавањето на ова дело е од особена важност за Р. Македонија, а преводот на романот од албански јазик е во рацете на искусната преведувачка и лекторка Јордана Шемко-Георгиевска.

Во продолжение ви претставуваме извадок од романот„Секој полудува на свој начин“ :

„Значи, моето помнење почнува со еден затвор. Некогаш тоа ми изгледаше страшно. Како може токму затвор да биде почетокот на помнењето на некој човек?! Но, ете, се случува. Нели и самото помнење е затвор? Е, а сега мислам дека сум имал среќа…
Знам дека бевме некаде во Албанија, опколени со ридови. Ми се чини дека тоа место се викаше Бељш. Потоа враќање со камион за Тирана. Седев во нејзиниот скут, во лимена кабина на советски ЗИС. Величествена убавина. Насекаде дрвја и прекршен пејзаж. Ридови. Живописна природа. Позеленети долини и води што течат под нив. И течат…
Не знам кога стигнавме во Тирана. Сигурно доцна навечер. Таму живееја моите дедо и баба од страна на мајка ми и другиот вујко, малиот. Тројцата во еден апартман од црвени тули, ужасно мал. Им ја беа урнале куќата што дедо ми ја беше изградил среде Тирана, кога дошол во почетокот на триесеттите години од крајниот Југ на Албанија. И ги преселиле овде, во овој апартман, некаде околу 21 декември. Луѓето сè уште го викаат овој плоштад така, без да знаат дека 21 декември е роденденот на Сталин.“

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.