Подарокот не мора секогаш да изгледа убаво само однатре, тој може да биде атрактивен и однадвор. Иако е навидум еднолична и здодевна, кафената хартија за пакување, или т.н. пакпапир, со малку фантазија може да изгледа навистина привлечно. Со неколку корекции и уникатни додатоци, подарокот може да изгледа посебно и неповторливо.
За претстојните празници на класично спакуваните подароци со оваа хартија вдахнете им магија со новогодишни декорации: снегулки, ѕвезди, светки, панделки… Најмладите, пак, израдувајте ги со лепенки со дедомразовци, ирваси и снешковци.
Користете ленти во различни бои, кои можете да ги комбинирате со ливчиња од дрвја, со гранки од елки или други божиќни елементи. За носталгичарите и љубителите на романтичните дизајни, додадете хартија со шара или лента од тантела.
Едноставноста и чистината на хартијата дозволува голема креативна игра при декорирањето. Може да залепите свеќички во боја од хартија, печати со впечатливи дезени и нијанси, а можете дури и да нацртате ваш цртеж на хартијата.
Пингување: Состанок „на слепо“ со книга | Literatura.mk