Промоција на илустрираната книга „Девет“ од Славимир Стојановиќ – Футро во книжарницата „Литература.мк“


На 27 ноември, вторник, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на романот „Devet – roman u ilustrovanim pričama“ од еден од најпознатите графички дизајнери, Славимир Стојановиќ Футро.
Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци на неговата кариера и со вклучени илустрации од дизајнери – пријатели на авторот, која во соседна Србија и регионот стана хит за многу краток период.

Промоцијата ќе биде преку разговор со авторот Стојановиќ, што ќе го води новинарката и книжевна критичарка Александра Јуруковска.
Добитникот на над 300 меѓународни награди за дизајн, визуелен уметник и креатор на лајфстајл брендот „Футро“, како и автор на детската сликовница „Синги Лумба и дрвото на магичните моливи“, Славимир Стојановиќ, е специјален гостин на 11. „Скопје постер-фестивал“ во чии рамки ќе се одржи и изложба.

Организаторите најавуваат одлично дружење со еден од најинспиративните графички дизајнери на Балканот.
– Славимир како наш долгогодишен пријател, во овие тешки времиња за културна преообразба, се согласи да ни биде гостин во Скопје. Неговите безвременски дизајни ќе ги изложиме на фестивалот, а во текот на утрешниот ден ќе направиме промоција на неговата илустрирана книга со раскази „Девет“, која наиде на фантастични реакции од фелата, па дури и од книжевните критичари – изјави Лазе Трипков, почесниот претседател на „Плакарт“.

Отворањето на фестивалската изложба на дела од Славимир Стојановиќ – Футро, заедно со уште 4 други изложби на над 200 плакати на темата „Моќта на плакатот“, дела од унгарски млади дизајнери и наградените плакати од изминатите 10 години, како и плакати од постер-акцијата против загадувањето #СМОГЈЕ ќе се одржи вечерва, во мултимедијалниот центар „Мала станица“ со почеток во 19 часот.
11. „Скопје постер-фестивал“ ќе биде отворен за посетители до 6 декември.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.