Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2018“

Почитувани, blog.literatura.mk повторно е номиниран во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината 2018“. Покрај блогот, номинирани се и Literatura.mk за е-трговија и огласување, Libi.mk и resursi.literatura.mk во категоријата сајтови за образование, наука и култура, додека obrazovanie.literatura.mk/ е во конкуренција за најдобар сајт.

Вашите гласови може да ги дадете на веб-страницата sajtnagodinata.mk, каде што треба да се пријавете со вашиот e-mail, потоа отворете ја вашата електронска пошта каде што ќе ви пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш. Гласањето од интернет-посетителите почна на 24.11. и ќе трае заклучно со 9.12.2018. Секој интернет-посетител може да распредели по 10, 6 и 2 поени во три категории.

Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2018 година ќе се одржи на 13.12.2018 во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје во 18 часот.

Слецијализираниот блог за љубителите на пишаниот збор, blog.literatura.mk, четири години е во постојана потрагата по интересни содржини и ширење на мисијата за читање литература, а досега, неколку пати има освоено награда во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината“. Имено, во 2016 и 2017 година беше на второ место за најдобар блог, а во 2014 на третата позиција.

„Сајт на годината“ е манифестација која по деветти пат во Македонија ги избира најдобрите веб-сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од „Медија Солушнс“ (Media Solutions) и системот за онлајн-реклами „Кип ан ај“ (Keep An Eye), а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.

Изборот „Сајт на годината“ е проект што има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија. „Сајт на годината“ ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и просторот во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет-културата во Македонија.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.