Ивана Коцевска, балерина и кореографка со редок уметнички израз и непоправлива вљубеничка во чувството на слобода

Во ова издание на „Астрорум“ гостува нашата истакната балерина и кореографка со редок уметнички израз, Ивана Коцевска.
Родена во Скопје на 27.08.1982 г. и стручното балетско образование го стекнува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје, во класата на проф. Соња Здравкова-Џепароска. Во 2001 г. станува член на балетскиот ансамбл при Македонската Опера и Балет. Со толкување на солистички и главни улоги успева да се здобие со статус на Истакнат солист. По препорака на Елеонора Стебљак добива покана за специјализација во балетската трупа на Украинскиот Национален Театар – „Тарас Шевченко“ во Киев, каде успешно се вклопува во ансамблот и ја реализира солистичката улога на Мирта во балетот „Жизел“. Сезоната 2004-2005 е гостин на Националниот балет во Љубљана, Словенија како солист.
Гостува со Македонскиот Национален балет на многубројни турнеи низ светот како солист. 2013-2014 добива покана од директорката на државниот балет во Вирцбург, Германија како солист во новата продукција на балетот „Легендата за Јосиф“. Гостин е на многубројни Гала –концерти на Балканот и во Европа. Зема учество на светските реномирани балетски натпревари како Варна (1998), Хелсинки и е финалист на Медитеранскиот балетски натпревар во Тел-Авив, Израел (2001).

This slideshow requires JavaScript.

Покрај балетската кариера, паралелно работи и развива сопствен кинестетички вокабулар како кореограф. Првото дело го креира во 2008г. „Тест за Гравитација“ соло (10 мин.). Потоа следуваат во 2011г. „Шпајз“ (како умот го оформува телото) современ танцов перформанс (25 мин.), 2013г. „I’mPuls-ive kinesthetics“ – соло муз. Иван Пенов (6 мин); 2013г. „Жени со мустаќи и мажи без бради“ – (адаптација на “Шпајз“ за Фестивалот „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ посветен на денот на Жената, изведба со барокна фасада (костими) инспирирано од проектот “Скопје 2014“;
Во 2014 година, Ивана Коцевска дипломира на Факултетот за музичка уметност како балетски педагог. Истата година почнува со педагошка работа и предава модерен танц во средното балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ како вонреден професор;
Во 2015г. го создава перформансот во соработка со Викторија Илиоска, а насловен „ЖЕНИ НА РАБОТ НА НЕРВЕН СЛОМ“, како истоимениот фестивал за истоимениот фестивал. Потоа следуваат:
(2016г.) „Анима Либера“ – соло (модерен танц) за натпревар за ученичка од средното балетско училиште во Скопје (награди: стипендија за натпревар во Сан Диего 2018, и финалист на натпревар во Скопје);
Во 2017-та година се стекнува со звањето магистер по балетска педагогија на факултетот за музичка уметност со одбрана на нејзиниот труд „Рецепцијата на современиот перформанс во македонскиот културен контекст“. На 3. јули 2018г. се случува „Метаморфоза“ – премиера на авторски проект поддржан од Министерството за култура на РМ, продукција на Дирекцијата за култура и уметност, реализиран во рамките на Скопско лето 2018.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.