Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

На 17 ноември (сабота) на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак, официјално беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Почетокот на новата приказна на „Литература.мк“ во градот на конзулите беше одбележан со коктел-забава и концерт на познатата битолска група „Фолтин“. Уште во првите неколку часови, неколку стотици битолчани, од сите генерации ја посетија книжарницата, којашто е со модерен, артистички уреден ентериер.

„Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови и во Битола. Со ова, Широк Сокак конечно доби книжарница по светски терк. Сместена во срцето на Битола, книжарницата „Литература.мк“ ќе пулсира во ист ритам со културниот живот на градот.

– Приказната на „Литература.мк“ почна пред десетина години со интернет-продавницата http://www.literatura.mk. Подоцна ја отворивме првата физичка продавница – веќе добро познатата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, каде што сите вљубеници во книгата можат да дојдат и лично да одберат од широкиот спектар на изданија. Нашите пријатели од Битола често прашуваа: „кога ќе отворите книжарница и во Битола?“ Рековме: кога ќе најдеме соодветен простор на Широк Сокак. Така, ова е четвртата физичка книжарница на „Литература.мк“, прва надвор од Скопје. Се надеваме дека во книжарницата „Литература.мк“ битолчани конечно ќе го најдат своето литературно катче, каде што ќе изберат книга по свој вкус. Веруваме дека нашата книжарница ќе биде сврталиште на сите љубители на пишаниот збор – изјави Дарко Фиданоски, еден од сопствениците на книжарницата „Литература.мк“.

На полиците на книжарницата може да се најдат познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Понуден е голем избор од белетристиката, стручната литература, книжевност за деца, учебници и едукативни материјали.

Како веќе препознатливо место за страсните љубители на книгата, вљубеници во пишаниот збор и талкачи низ бескрајниот литературен простор, „Литература.мк“ во Битола ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели.

Ова е петти специјализиран продажен сервис на „Литература.мк“, по интернет-продавницата http://www.literatura.mk и по книжарниците на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“ и ТЦ „Рамстор“ во Скопје.

Продажниот простор на „Литература.мк“ сместен на Широк Сокак 40, во Битола, ќе работи од 9 до 21 часот, од понеделник до сабота.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.