„Арс Ламина“ со поддршка за младите физичари

Издавачката куќа „Арс Ламина- публикации“ продолжува да ги поддржува талентираните ученици, младите физичари и идни научници во Македонија. Имено, компанијата обезбеди награди за најдобрите ученици и нивните ментори во рамки на 42. Школа „Млади физичари“, што се одржува на 9 и 10 ноември (петок и сабота) во Природно-математичкиот факултет и во „Скопје сити мол“ (втор кат).
На манифестацијата во организација на Здружението на физичари во рамки на „Ноември-месец на науката“ ќе се одржат низа натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации. На 42. Школа „Млади физичари“, учениците ќе се натпреваруваат во изработки и демонстрации, а се очекува да бидат направени повеќе од 200 експерименти по физика. На овој настан посетителите ќе можат на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката. Ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија како и од гостите од странство.

– Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и тимот што ја организира Школата „Млади физичари“  е благодарен на поддршката што издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ традиционално ни ја дава за натпреварите во нашата земја, а исто така и за подршката на нашите олимпијци на меѓународни натпревари. Наградите што ги обезбеди „Арс Ламина“ за најдобрите ученици и нивните ментори во рамки на 42. Школа „Млади физичари“ се добар поттик за успешна реализација и личен развој на идните научници. Поддршката на талентираните ученици и младите физичари е повеќе од потребна во нашата земја – вели  проф. д-р Боце Митревски, претседател на Друштвото на физичари на Република Македонија.

В петок (9. ноември), програмата, наменета за учесниците од основните училишта (осмо и деветто одд.), ќе се одржува во Природно-математичкиот факултет во Скопје од 8.30 до 12.30 часот. Предавање на тема „Фантастичните феномени во „Ѕвездени патеки““ ќе одржи Моника Пешевска, за „Интересни факти за бројот π“ ќе зборува Анета Гацовска-Барандовска. Предавање за „Историја на Универзумот“ ќе одржи Томе Кириази, Татјана Сакалиева за „Физички својства и карактеристики на водата“.
Во сабота (10. ноември) предавањата и натпреварите се однесуваат на учесници од средните училишта, а ќе се одржат во „Скопје сити мол“. Во киното „Синеплекс“ предавање за Нобеловата награда по физика за 2018 година ќе одржи Сузана Топузоски. Предавање на тема „Во светот на зрачењата“ ќе одржи Весна Гершан. Љубиша Нешиќ ќе зборува за „Светот околу нас виден на различни бранови должини“, а Лазар Раденковиќ за „Дигање тегови и физика“. На тема „Серијата тектонски земјотреси од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга во јули 2017 година“ ќе зборува Дагана Черних, додека за „Фантастично патување низ светот на светлината“ ќе се осврни Ристе Попески-Димовски.
Двата дена (петок и сабота) од 13 до 18 часот во „Скопје сити мол“ (ходниците на втор кат) ќе се одржи изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти. Во 19 часот ќе има свечено доделување на дипломи и наградите од „Арс Ламина“ на најуспешните ученици и нивните наставници-ментори.
„Арс Ламина- публикации“ изминативе години редовно ги подржува Здружението на физичари на Македонија и талентираните млади физичари во нивните домашни и интернационални натпревари, поттикнувајќи го нивниот развој и едукација во идни успешни научници.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.