Биби пристигна во „Литература.мк“, јеееј!

Миленичката на децата, Биби, пристигна во „Литература.мк“! Јеееј! Во присуство на најмладите читатели и нивните родители, сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ беше промовирана вчера во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.
Светот на Биби пред присутните го претставија: Сребра Ѓорѓијевска од тимот на „Факултети.мк“ и „Деца.мк“, кој стои зад проектот, како и познатата писателка за деца Билјана С. Црвенковска, која го напиша текстот. Интерактивен осврт кон сликовницата имаше книжевната критичарка Александра Јуруковска.

Децата и нивните родители веќе ја препознаваат сезнајката Биби од популарните видеа, кои премиерно се емитуваат секоја недела на профилот на „Бибиленд“ на „Јутјуб“. Илустрациите се на Тхе Мичо, режисер на видеата е Гоце Цветановски, а гласот за Биби го позајмува актерката Слаѓана Вујошевиќ.
„Светот на Биби од А до Ш“ веќе е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ и „Скопје сити мол“, а наскоро и во Битола.
Биби е македонски производ и веќе ја остварува идејата на тимот на „Факултети.мк“ и „Деца.мк“ да создаде лик со кој ќе се идентификуваат сите деца. Девојчето во жолто фустанче, со сини очи, црна коса и неверојатна желба да дознае нови нешта, ги учи децата да го сакаат и да го користат литературниот македонски јазик.
Во продолжение ви ја претставуваме веселата атмосфера од промоцијата на сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ во книжарницата „Литература.мк“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.