Промоција на „Светот на Биби од А до Ш“ во „Литература.мк“


На шести ноември 2018 година (вторник) во 18.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе биде промовирана сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“. Јеееј! Енциклопедијата за најмладите произлегува од проектот „Бибиленд“ на популарните сајтови „Факултети.мк“ и „Деца.мк“. Текстот го напиша писателката Билјана С. Црвенковска, а илустрациите се на Тхе Мичо. „Светот на Биби од А до Ш“ веќе е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ и „Скопје сити мол“.
Децата и нивните родители веќе ја препознаваат сезнајката Биби од популарните видеа, кои премиерно се емитуваат секоја недела во живо на профилот на „Бибиленд“ на „Јутјуб“. Режисер на видеата е Гоце Цветановски, а гласот за Биби го позајмува актерката Слаѓана Вујошевиќ.
Биби е македонски производ и веќе ја остварува идејата на тимот на „Факултети.мк“ и „Деца.мк“ да создаде лик со кој ќе се идентификуваат сите деца. Девојчето во жолто фустанче, со сини очи, црна коса и неверојатна желба да дознае нови нешта, ги учи децата да го сакаат и да го практикуваат македонскиот јазик. Таа вели:
„Здраво, јас сум Биби.
Сакам да ви раскажам некои работи за светот околу мене, за мојата куќа, за мојот град, за моето најдобро другарче и за моите омилени нешта. А додека ви раскажувам за себе, патем ќе ја научиме азбуката, ќе прочитаме повеќе зборови, ќе пишуваме букви, ќе се подружиме и ќе се насмееме.
Сакате? Јеееј!“
На промоцијата во „Литература.мк“ посетителите ќе можат да го запознаат и тимот што ја создаде Биби, меѓу кои и писателката Билјана С. Црвенковска.
Со секоја купена сликовница „Светот на Биби од А до Ш“ ќе следува примерок од списанието за ученици „Мини Либи или „Либи“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.