Книги со вештерки, вампири, мистерии и хорор-приказни за Ноќта на вештерките

 

Секој 31 октомври во повеќе земји се слави Ноќта спроти Сите светци, попозната како Ноќта на вештерките или „Халовин“ (Halloween). Децата, но и возрасните, маскирани како вештерки, чудовишта, духови и други страшни ликови од приказните, филмовите и стриповите шетаат од врата на врата, барајќи слатко честење или ќе ги исплашат домаќините (trick or treat). За овој празник препознатливи се страшните фенери направени од тикви, вадење јаболка од вода, посетување на „опседнати“ куќи, правење шеги, раскажување на страшни приказни, гледање хорор-филмови, но и подарување на симболични подароци.

Книгите со морничава содржина, со вештерки, вампири, духови, замоци на стравот, мистерии и хорор-приказни од реалноста, се интересен подарок за овој ден. Ви претставуваме листа со седум книги-предлози за големи и мали за Ноќта на вештерките (Halloween) што можете да ги најдете во книжарниците на „Литература.мк“.

1. Серијал „Замокот на стравот“ од Гвидо Згардоли

 


Мои драги и баксузни пријатели, почнете веднаш да се тресете, бидејќи во „Замокот на стравот“ треперењето си е како дома! За овој страшен ден добар избор се трите книги од познатиот серијал детски романи на Гвидо Згардоли: „Оро на ужасот“, „Опасна игра“ и „Раката на Тулук“.
Во „Оро на ужасот“, Сузи и Петар мораат да признаат: куќата во која се преселија е навистина неверојатна, нивната соба е огромна, а градината е прекрасна! Но, уште веднаш, од таванот доаѓаат чудни звуци… Дали е ветрот што ни за миг не престанува да дува? Или можеби некое животно? Една ноќ, братот и сестрата ги буди трескот. Кога ги отворија очите, открија дека на таванот над нив се појавил отвор. Чудно! Не се сеќаваа дека го видоа претходната вечер…
Во „Опасна игра“ Матје игра криенка со неговите пријатели и е решен да не го најдат. Поради ова, оди сè до старата остава за бротчиња, веќе надвор од употреба. Во еден миг слуша глас што го повикува. Едно момче му дава знак да влезе. Но, она што изгледа совршено скривалиште всушност е смртна стапица. И кога Матје сфаќа дека вратата е затворена со голем синџир, веќе е предоцна…
Во „Раката на Тулук“ никој не е похрабар од браќата Џејсон кои се осмелуваат дури и да се обложат во тоа: ќе поминат една ноќ во напуштената куќа на крајот на градот. Внатре во куќата, под една кристална топка, наоѓаат мумифицирана рака со долги црни нокти… Набрзо, Бери и Линдон ја откриваат страшната вистина: раката е жива! Брза е како пајак, се искачува, скока и изгледа како да има само една мисија: да ги елиминира двајцата браќа.
Книгите од серијалот „Замокот на стравот“ се достапни за нарачка на следниот линк.

2. Книгите за Исидора Мун од Хариет Мункастер


Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ – вампир, а таа е по малку од двете. Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа – во училиштето за самовили или во училиштето за вампири? Исидора многу сака балет, особено кога е облечена во нејзиното црно блескаво фустанче и едвај чека да оди на вистинска балетска претстава заедно со нејзините соученици. Но, кога се крева завесата, каде е Розовото зајаче?

Исидора ги сака и детските роденденски забави и сега ќе има и сопствена роденденска забава! Но, кога роденденската забава ја организираат мајка ѝ и татко ѝ, забавата нема да биде како оние на кои била досега.
Кога, пак, со своето семејство заедно ќе отидат на кампување на море, можат да се случат некои работи што не се баш вообичаени… Од печење шеќерлеме на логорски оган до спријателување со сирена – посебни нешта се случуваат кога е вклучена Исидора!
Серијалот од Хариет Мункастер за самовилата-вештерка Исидора Мун има четири изданија, што се достапни за нарачка на следниот линк.

3. „Вештерки“ од Роалд Дал


Во бајките, вештерките обично носат смешни црни шапки и наметки и јаваат на метли. Ама, ова не е бајка. Ова е за вистински вештерки. Најважното што треба да го знаеш за вистинските вештерки е следново. Слушај мошне внимателно. И никогаш не заборавај го ова што ќе го слушнеш. Вистинските вештерки се облекуваат во обични алишта и горе-долу се исти како обичните жени. Живеат во обични куќи и се занимаваат со обични работи. Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

4. „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска


„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ е сосема неверојатна приказна за едно неверојатно девојче кое не сака да си го открие името, за една исто толку неверојатна бела мачка, за еден парк по име Зеленпарк што крие мнооогу мистерии, за еден дух од таванот, за еден мистериозно исчезнат поет и уште многу други чудни нешта. Плус, ова е прирачник за женските што сакаат да станат супервештерки и тест „Каква вештерка си?“ Суперкреативни вештерски дневник и вештерска чкртанка-цртанка .
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

5. „Вештерски чекан“ од Вацлав Каплицки


Боблиг, лудиот инквизитор и неговите заштитници, кнезот Лихтенштајн и истоимениот бискуп на Оломоуц, грофот Лихтенштајн, во историјата се познати како креатори на морничавите судења на вештерки во доцниот 17 век во северна Моравија. Боблиг е одговорен за ментална и физичка тортура, понижување и смрт со палење на клада на преку стотина невини жртви. Неговите мотиви се лукративни, па затоа на мета се угледните и имотните граѓани од кои бескрупулозно го приграбуваат имотот. Свештеникот Криштоф Алојз Лаутнер, популарниот декан од Шумперк, сакан од народот, е еден од малкутемина кои го задржуваат здравиот разум среде масовната хистерија во која секој може да биде обвинет и погубен. Обидувајќи се да го спречи масакрот и тој паѓа како жртва на опскурните обвиненија за инцест и секс со демони. Вештерски чекан е роман во кој ирационалната бестијалност се претвора во хорор и реалност.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

6. „Сјаење“, „Доктор Сон“,  „Зелената милја“… од Стивен Кинг


„Сјаење“, „Доктор Сон“, „Зелената милја“… се само дел од насловите напишани од мајсторот на трилер-романите – Стивен Кинг. Тие се совршен подарок за пријателите што обожаваат хорор-приказни.
„Сјаење“ претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга. Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“, бидејќи Џек ја добива работата – чувар во зимскиот период. Неколку месеци отсечени од цивилизација, Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава. Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ – кој има долга историја на насилства – сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето… Хорор-романот „Сјаење“ е по првпат објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, истиот е адаптиран и во минителевизиска серија.

„Доктор Сон“ е продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“. Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.

„Зелената милја“ е роман во шест дела, кој од кој пострашен и загадочен. Во фокусот се свирепи и неразјаснети убиства.
Сите книги од Стивен Кинг се достапни за нарачка на следниот линк.

7. „Долината на стравот“ од Артур Конан Дојл


„Тоа е Долината на стравот, Долината на смртта. Неискажлив страв од самрак до зори е вгнезден во срцата на луѓето. Почекајте, момче, и самиот ќе се уверите.“
Шерлок Холмс е заинтригиран и вознемирен кога ќе прими една злокобна кодирана порака: господинот Даглас од дворецот во Бирлстоун е во смртна опасност. Но, пред Холмс да успее да стори нешто, пристигнуваат шокантни вести. Даглас е пронајден мртов. Главата му е разнесена со сачмарка. Скотланд Јард е збунет: дали се работи за самоубиство или за убиство?
Но, според Холмс, нема никакво сомнение дека случајот е убиство, затоа што кодираната порака е испратена од човекот под псевдоним Порлок, еден од агентите на вечниот непријател на Холмс, професорот Моријарти.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.