„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ преведена на српски јазик претставена на Саемот на книгата во Белград


Книгата за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од нашата позната писателка Билјана С. Црвенковска деновиве е претставена на српски јазик во рамките на 63. издание на Саемот на книгата во Белград. Книгата на српски јазик излезе под наслов „Шест чаробних колачића“, а ја објави престижната белградска издавачка куќа „Лагуна“ под детскиот импринт „Мала Лагуна“.
Илустрациите на „Супервештерката…“ се на Здравко Гиров, а преводот на српски е на Зоран Пеневски.

„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ е сосема неверојатна приказна за едно неверојатно девојче кое не сака да си го открие името, за една исто толку неверојатна бела мачка, за еден парк по име Зеленпарк што крие мнооогу мистерии, за еден дух од таванот, за еден мистериозно исчезнат поет и уште многу други чудни нешта. Плус, ова е прирачник за женските што сакаат да станат супервештерки и тест „Каква вештерка си?“ Суперкреативни вештерски дневник и вештерска чкртанка-цртанка.
Саемот на книгата во Белград, што од 21 до 28 октомври се одржува под мотото „Радоста на читањето“, важи за еден од најголемите книжевни случувања во регионот. Годинава на настанот свои претставници има и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Книгата „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ на македонски јазик во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина“, е достапна во книжарниците „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ и „Скопје сити мол“, како и во повеќе книжарници во Скопје и низ Македонија, а може и да се нарача на следниот линк.

One thought on “„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ преведена на српски јазик претставена на Саемот на книгата во Белград

  1. Пингување: „Супервештерката…“ меѓу хит-насловите на „Лагуна“ во Белград | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.