Пред точно две години, на 15 октомври, книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на најфреквентната пешачка зона во Скопје – улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза). За само 24 месеци ексклузивната кафе-книжарница прерасна во едно од најпрепознатливите и најпосетени места во центарот на Скопје.
Роденденот го славиме со 20% попуст на белетристика и литература за деца, што ќе трае до 20 октомври (сабота). Попустот важи само за изданијата на „Арс Ламина“ во „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. За купувачите подготвивме и слатки изненадувања.
„Литература.мк“ во нашата метропола ги донесе светските книжарски трендови и најдоброто кафе во градот, како и изданијата на најголемите домашни издавачки куќи, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. Покрај ова, книжарницата нуди богата програма, разни случувања и содржини, наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни и музички дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели. Во неа се одржуваат најинтересните промоции на книги, се одржуваат средби со читатели, а се снима и проектот „Астрорум“ со Бранка Костиќ-Марковиќ.