Спортскиот биограф Лука Кајоли – гостин на „Арс Ламина“ на македонскиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт

Најпознатиот светски автор на биографии на спортисти, Лука Кајоли, беше специјален гостин на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ на македонскиот штанд во рамките на 70-тото издание на Саемот на книгата во Франкфурт. Тој изрази задоволство од македонските верзии на неговите книги „Роналдо: Опсесија за совршенство“ и „Меси: Приказна за момчето што стана легенда“, што се во издание на „Арс Либрис“, импринт на „Арс Ламина –публикации“.

Дарко Фиданоски од издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ и Лука Кајоли (десно) со македонските изданија на биографиите за Меси и Роналдо.

Шеесетгодишниот италијански спортски новинар е автор на биографиите за најславните фудбалери на денешницата, а покрај тие за Роналдо и Меси, автор е и на книжевните осврти кон животот на биографиите за Нејмар и Суарез.
„Кристијано Роналдо: Опсесија за совршенство“, објавена во 2011 година, е досега најкомплетната биографија за португалската фудбалска суперѕвезда. Независно дали од љубов или од омраза, од восхит или од интерес – веќе цела деценија глобалните медиуми го следат секој чекор на Кристијано Роналдо. Деталната истрага на Лука Кајоли ќе ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него.
Во прецизно насловената „Меси: Приказна за момчето што стана легенда“, познатиот спортски биограф Лука Кајоли дава динамичен, лесно читлив и живописен преглед на една фасцинантна кариера што од болникаво момче со хормонални проблеми ќе создаде блескава инспирација и уште посјајна фудбалска ѕвезда – веќе овековечена на спортското небо. Тој црпи информации од низа интервјуа и сведоштва, од родителите на Меси и неговиот брат, неговите блиски и далечни роднини, неговите први тренери и нивните големи наследници, како и за крај, самиот Меси.

На македонскиот штанд на годинашниот Саем на книгата во Франкфурт, чијшто комесар е Министерството за култура на Република Македонија, застапени се повеќе издавачки куќи, меѓу кои и „Арс Ламина – публикации“, со своите најнови и најбарани книги, сликовници и интерактивни изданија. Во фокусот на македонското претставување се нашата современа книжевност, можностите за соработка со странските партнери и промоција на Р. Македонија како современа културна и книжевна средина. За в сабота е закажан т.н. македонски ден, на кој ќе бидат преставени седум истакнати автори.

Прочитајте како помина средбата со Франческа Кавало, една од авторките на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, чијашто македонска верзија ја објави „Арс Ламина – публикации“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.