Авторката Франческа Кавало воодушевена од македонското издание на „Бунтовни девојчиња“

Франческа Кавало, една од авторките на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, е воодушевена од македонското издание на книгата. Своето задоволство од верзијата на македонски јазик им го пренесе на претставниците од македонскиот издавач на книгата – „Арс Ламина – публикации“, на средбата што се одржа вчера (11 октомври 2018 година) во рамките на 70-тото издание на Саемот на книгата во Франкфурт.
На неформалната дружба, што се поклопи со одбележувањето на интернационалниот ден на девојчињата, беше претставен и интерактивниот дневник „I Am a Rebel Girl: A Journal to Start Revolutions“, што се очекува да биде објавен во декември. Од семејни причини, на штандот на „Тимбукту лабс“ – издавач на двата дела на светскиот бестселер, не присуствуваше коавторката на „Бунтовни девојчиња“, Елена Фавили.

Посебна посвета на Франческа Кавало за тимот на „Арс Ламина“

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало е книга за деца и возрасни во која се вклучени сто приказни за добра ноќ за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс.
Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности. Неодамна, во светски рамки излезе вториот дел од книгата.


„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина“, официјално беше промовирана во мај, во рамките на фестивалот „Прво па женско“, а беше претставена и на 30. издание на Саемот на книгата.
На македонскиот штанд, на Саемот на книгата во Франкфурт, што се одржува од 10 до 14 октомври, застапени се повеќе издавачки куќи, меѓу кои и „Арс Ламина – публикации“, со своите најнови и најбарани книги. Во фокусот на македонското претставување се нашата современа книжевност, можностите за соработка со странските партнери и промоција на Р. Македонија како современа културна и книжевна средина. За в сабота е закажан т.н. македонски ден, на кој ќе бидат преставени седум истакнати автори.

 

Advertisements

One thought on “Авторката Франческа Кавало воодушевена од македонското издание на „Бунтовни девојчиња“

  1. Пингување: Спортскиот биограф Лука Кајоли – гостин на „Арс Ламина“ на македонскиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.