Почна јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт

Под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, од денеска  до 14 октомври 2018 година ќе се одржи јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија ќе биде застапена и современата македонска литература, а свои претставници има и издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“.


Светските медиуми јавуваат дека ова издание ќе има политички призвук.  Воведен говор на отворањето на саемот ќе има високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. Еден од слоганите што се врзуваат со Саемот на книгата во Франкфурт е „Треба да разговараме“. Во фокусот на вниманието ќе бидат најжешките политички теми и движења за човекови права, од #MeToo, преку слободата на говорот, прифаќање на емигрантите, па сè до животот во САД во време на претседателот Доналд Трамп.

Денеска, претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, ќе учествува на дебатата за тоа како да се борат против популизмот во бурни времиња. ОН и „Амнести интернешнел“ во рамките на Саемот ќе организираат манифестација по повод 70-годишнината од Декларацијата за човекови права. Слободата на изразување во Русија водена од Путин и Турција во време на Ердоган и загриженоста во врска со владеењето на правото и слободата на говорот во Полска исто така ќе бидат панел-тема во Франкфурт.
Ќе се зборува и за движењето #MeToo, една година по почетокот на ова движење и охрабрувањето на жртвите да прозборат отворено за сексуалната злоупотреба. Американските автори Мег Волицер и Пол Бити ќе се осврнат на феминистичките и расните прашања во времето на Доналд Трамп.

Годинава, земја во фокусот е Грузија, која ќе го претстави своето литературно и културно богатство. Оттаму допатуваа околу 70 автори, кои ќе ги претстават своите дела на близу 350 литературни манифестации. Инаку, на саемот се планирани преку 4.000 манифестации поврзани со книгите, авторите, издаваштвото и слободата на мислење, од кои ќе известуваат речиси 10.000 акредитирани новинари. Лани, Саемот на книгата во Франкфурт забележал посета од 286.000 љубители на литературата.
Саемот на книгата во Франкфурт, кој има 70-годишна традиција, е центар на издавачката индустрија од целиот свет, каде што секоја година учествуваат повеќе од 7.000 издавачи.


Во петте саемски денови ќе се сретнат издавачки експерти, писатели и културни ентузијасти од целиот свет. Саемот е одлична можност посетителите и медиумите да се запознаат најактуелните автори и издавачи, најновите светски изданија и да се дознае повеќе за иновативните технологии. По завршувањето на саемскиот ден, настаните продолжуваат и на повеќе локации низ градот.

 

Advertisements

4 thoughts on “Почна јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт

  1. Пингување: Преставување на македонската литература на Саемот на книгата во Франкфурт | Literatura.mk

  2. Пингување: Авторката Франческа Кавало воодушевена од македонското издание на „Бунтовни девојчиња“ | Literatura.mk

  3. Пингување: Спортскиот биограф Лука Кајоли – гостин на „Арс Ламина“ на македонскиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт | Literatura.mk

  4. Пингување: Македонскиот министер за култура се сретна со директорот на Саемот на книгата во Франкфурт | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.