Почнувајќи од 1992 година па наваму, Светскиот ден на менталното здравје се одбележува на десетти октомври во повеќе од сто држави низ светот. Според неодамнешно истражување на „The Reading Agency“, читањето книги е од особена важност за менталното здравје. Зголемено ниво на емпатија, подобра врска со луѓето, намалени симптоми на депресија, ризик од заболување од деменција, како и подобра благосостојба се само дел од придобивките. Всушност, истражувањето покажало дека рекреативното читање ја подобрува комуникацијата помеѓу родителите и децата, ја зголемува самодовербата, ги намалува анксиозноста и стресот, а го зголемува и интересот за другите култури.
Издвојуваме пет важни придобивки за менталното здравје од читањето книги:
1. Читањето ја зголемува емпатијата
Според едно истражување, читањето литературна фикција ја зголемува нашата емпатија кон другите луѓе. Всушност, кога читаме, добиваме чувство како да сме дел од приказната.
2. Читањето нè прави ментално пофлексибилни
Читањето поезија или други текстови што бараат од читателот да го протолкува значењето, покажало дека предизвикуваат фасцинантни промени во активноста на мозочните ќелии и ја зголемуваат менталната флексибилност. Според Центарот за истражување во областа на читањето, литературата и општеството на Универзитетот во Ливерпул, зголемената ментална флексибилност им овозможува на луѓето полесно да се адаптираат на нови ситуации и полесно да донесуваат нови одлуки.
3. Читањето ја зголемува креативноста
Според многубројни истражувања, читањето книги, особено белетристика, води кон подобро процесирање на информациите и ја зголемува креативноста.
4. Читањето ја зајакнува функционалноста на мозокот
Истражувањата покажуваат дека читањето влијае на мозокот како психолошки, така и невролошки.
5. Читањето може да спречи заболување од деменција
Активности што го стимулираат мозокот, како читањето, покажале дека можат да спречат појава на деменција, па дури и Алцхајмер. Едно истражување покажало дека луѓето кои читаат имаат 32% помала веројатност да заболат од овие болести.
Се покажало дека читањето има моќ да го стави мозокот во состојба на медитација и длабока релаксација. Луѓето кои редовно читаат имаат подобар сон, пониско ниво на стрес, поголема самодоверба и пониско ниво на депресија отколку луѓето кои не читаат.
Затоа, повелете во нашите книжарници и одберете книга што ќе ве направи посреќни!
Извор: https://www.sacap.edu.za/blog/psychology/benefits-of-reading/