Најстарата книга во Европа со оригинално зачувана опшивка на страниците пронајдена во гробница на светец

Мала книга со кожени корици, што датира од пред 1320 години, е пронајдена неоштетена во гробница на светец во црква во Шкотска. Се претпоставува дека станува збор за најстарата книга во Европа со оригинално зачувана опшивка на страниците. Книгата The St. Cuthbert Gospel била најдена заедно со неколку други предмети во вечното почивалиште на свети Кaтберт, апостолот на Нортумбрија (634-687 н.е.).

Свети Катберт се прославил по неговата смрт. Имено, една декада по неговото упокојување гробот бил откопан со цел да бидат префрлени неговите останки. Легендата вели дека неговото тело било најдено целосно зачувано. Околу ова необјасниво чудо се направил голем култ. Па, се претпоставува дека подоцна во неговата гробница биле положувани многубројни вредни предмети. Се претпоставува дека некаде околу 698 година, најверојатно во неговиот ковчег била подметната оваа книга – The St. Cuthbert Gospel. Корицата на книгата е црвена, направена од кожа од коза, која била зашиена со игла и конец. Додека кожата сè уште била мокра и мека бил запечатен и жиг.

Овој ретко зачуван средновековен ракопис бил отстранет од ковчегот во 1104 година и префрлен во катедралата во Дурам, каде што бил чуван како посебна реликвија. Во 2012 година, Британската библиотека го добила текстот стар околу 1320 години, кој ги задржал оригиналното обврзување и страниците. Подоцна изданието доби и дигитална верзија, со цел долгорочно зачувување на содржината.
Книгата The St. Cuthbert Gospel ќе биде дел од изложбата на Британската библиотека „Англосаксонски кралства: Уметност, свет, војна“, што ќе се одржи од 19 октомври 2018 до 19 февруари 2019 година.

Извори: Daily.jstor.org и Mymodernmet.com

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.