„Лекторските приказни“ во одбрана на македонскиот литературен јазик

На првата средба од т.н. „Лекторски приказни“, што се одржа во понеделникот (1 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, присуствуваа неколку лектори и повеќе добронамерници на македонскиот јазик. На почетокот, неврзаниот разговор целеше кон индолентноста на соодветните институции за заштита на јазикот, односно Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ и Министерството за култура, пред сè. Се истакна и тоа дека повеќето државни институции немаат лектор, и тоа почнувајќи од институцијата Претседател, па сè надолу. Поради тоа, итна е потребата да се вработи лектор и во овие институции.
Потоа, се разговараше за грешките што се јавуваат во наставните програми што излегуваат од МОН, затоа што не се прочитани од лектор, и како тоа лесно се прелева и во учебниците и дека потоа е тешко да се исправаат нештата. И за потребата од поблиски средби со претставници од различните факултети и институти, за да се утврдат одредени зборови и термини, кои се чести во употребата во македонскиот стандарден јазик, но сè уште ги нема во речниците.


Но, не се критикуваа само нелекторираните текстови, туку беа и делумно самокритични, па се отворија некои дискусии за зборови кои се нови или навлезени во практиката, но не и во стандардниот јазик. Лекторката Ивана Кузманоска од порталот „Факултети.мк“ истакна некои од честите употреби на сѐ уште официјално неприфатени зборови во поновите книжевни дела и текстови кои се пренесуваат, а кои постепено се наметнуваат и треба да се прифатат, наместо строго да се заменуваат во секој контекст.
Лекторите Викторија Мирческа и Дејан Василевски од издавачката куќа „Арс Ламина“ посочија дека често процесот на изработка на една книга е измешан и дека оттаму излегуваат големи проблеми во чистотата на финалниот производ. Се знае дека лекторот, а и коректурата на книгата треба да бидат при крајот на процесот, за да не се случуваат подоцнежни правописни и други грешки.
Лекторот Дарко Темелкоски од „Независен весник“ истакна дека надредените имаат несоодветни побарувања од лекторите и дека мора да се утврди една предвидена бројка на страници колку може и колку смее да помине лекторот во текот на работниот ден. Порано се шпекулираше со бројка од 25 страници за еден работен ден. Но, денес тоа далеку се надминува.
Секако, тема на „Лекторските приказни“ беше и новиот Правопис. Првенствено поради тоа што Правописот го нема во продажба, но и за неговите недостатоци, кои не се во мал број. И потребата едно дополнето, прочистено издание, а да не се направи само реиздание. Потребна е ревизија на Правописот, за да се отстранат сите грешки во него и забуните што настануваат притоа, а потоа и печатење на едно економично издание што може да си го дозволи секој, а не како што беше првичното издание со цена од 1.500 денари.
Дополнително, неопходни се речници за стручната литература за да не се експериментира со полупреведени или само транскрибирани зборови.
На оваа средба повеќе се разговараше за општите лекторски проблеми и како да се најдат решение и одговори за нив, а помалку за секојдневните проблеми со кои се среќаваат при нивната работа. Но, тоа не значи дека на следната средба, која би требало да се случи на почетокот на следниот месец, нема да се разговара и за тоа.
Исто така, насушна беше потребата во разговорот да се вклучат и преведувачи, автори и уредници, односно и другите учесници во изработката на една книга. Се надеваме дека на следните дружби ќе присуствуваат и тие.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.