Романот „Јадица“ од Владимир Плавевски објавен на бугарски јазик


Македонскиот роман „Јадица“ од Владимир Плавевски доби издание на бугарски јазик. Книгата, објавена од бугарската издавачка куќа „Персеј“, e промовирана на 4. октомври во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Авторот Плавевски вторпат го претставува своето литературно творештво во КИЦ во Софија.
„Романот ’Јадица‘ од Владимир Плавевски, во превод на Маријан Петров, е реалистичен и потресувачки роман за ситничарството на човечките души, за предавството, лицемерството и апатијата што се шират меѓу луѓето со власт, за судбината на малиот човек фрлен во бурната река на животот…“, наведува КИЦ на РМ во Софија за книгата на Плавевски, што во Македонија ја доби наградата „Роман на годината“.
Плавевски е и автор на театарски фотографии што вечерва ќе бидат изложени во галеријата на КИЦ на РМ во Софија. На изложбата ќе може да се видат фотографии направени во седумдесеттите, осумдесеттите и деведесеттите години на 20 век и преставуваат фотографско и авторско документирање на постановки на познати режисери и актерски состави на театарската сцена во Македонија.
Владимир Плавевски (1948) е романсиер, драмски писател, фотограф и режисер. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година и работел како доктор специјалист за уво, грло и нос. Во моментов е во пензија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година.
„Јадица“ во 2013 година ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Ова не е прва книга од Плавевски што е издадена на бугарски јазик. Претходно превод доби и романот „Комита“.
Плавевски е актуелен со збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“, која во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше објавена во мај оваа година.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.