Промовирана „Концепт мама“ – првата македонска сѐ-во-едно книга за родителството

Книгата за родителството „Концепт мама“ и прирачникот „Концепт мама дневник“ од Александра Шекутковска Докоска беа промовирани на втори октомври во НЛБ Галеријата во Скопје. „Концепт мама“ е првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за родителството. Проектот почна како блог на авторката, а прерасна во книга и прирачник богати со совети, лични искуства и илустрации.

Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети. Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би им било неопходно на современите родители. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и претставува моќна алатка за самоподдршка, конструирање на целовит и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител.
Александра Шекутковска Докоска (1984) е родена во Скопје, Македонија. Дипломирала како архитект-инженер на Архитектонскиот факултет во Скопје 2009 година. Во септември 2012 завршила напредни магистерски студии за урбан дизајн на ЕТХ Цирих. Работела како архитект, урбан дизајнер, истражувач и асистент на универзитети и студија во Скопје, Цирих, Бангкок и Франкфурт.

Advertisements

One thought on “Промовирана „Концепт мама“ – првата македонска сѐ-во-едно книга за родителството

  1. Пингување: Промовирана „Концепт мама“ – првата македонска сѐ-во-едно книга за родителството — Literatura.mk – beleshkitenavistinskatalajlagrejs

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.