Запознавање со сликарските дела на писателот Славко Јаневски

Фото: Кире Галевски

Скопје од вчера има уникатна можност одблизу да се запознае со сликарското творештво на авторот на првиот македонски роман и еден од основоположниците на македонската современа литература, Славко Јаневски. Со стихови од Јаневски, интерпретирани од актерот Висар Вишка, и со музичката придружба од џез-гитаристот Тони Китановски, во преполниот салон на Музејот на град Скопје вчеравечер беше отворена заедничката изложба со масла на платно од Славко Јаневски и скулптури во бронза од академик Томе Серафимовски.
На изложбата, во организација на Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“, се вклучени повеќе од 50 дела на двајцата барда на македонската култура. Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а за делата и уметниците пригодни говори имаа Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов. Во музејот присутни беа членови на семејствата на Јаневски и на Серафимовски, многубројни познати културни дејци, писатели, новинари, политичари и љубители на уметноста.

Актерот Висар Вишка читаше стихови од Јаневски, Фото: Кире Галевски

– Сликарството на Славко Јаневски е необична појава во македонската уметност. Тој е еден од ретките уметници кои со помош на боја и на тон ги решаваат ликовните проблеми. Кога Јаневски слика светло на платното, тој не слика боја, туку слика со боја! Со тоа тој се приближува до карактерот на еден од основоположниците на модерното сликарство кај нас, Личеноски. Но, за разлика од Личеноски, Јаневски твори со еден модерен, современ јазик. Тоа е ликовен јазик што, пред сè, се базира на метафората и на иконографски мотиви што пропаѓаат на еден замислен свет за да ги пренесе своите мисли и чувства на платното – вели Кирил Пенушлиски.

Кирил Пенушлиски со осврт кон творештвото на Јаневски и Серафимовски, Фото: Кире Галевски

Новинарот Ѕвездан Георгиевски, како претставник на фондацијата „Славко Јаневски“, рече дека „великанот на македонската книжевност – Славко Јаневски (1920-2000), на јавноста ѝ е добро познат како раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист и есеист. Но, малкумина го запознале како сликар. Со оваа изложба се остварува долгогодишниот сон на фондацијата, на јавноста да ѝ ја престави оваа негова пасија“.
Јаневски со сликарство се занимавал од 1968 до 1999 година. Автор е на стотина слики работени во техниката масло на иверка, масло на платно и масло на картон. Тој своевремено бил и ликовен критичар. Дел од сликите се посветени и инспирирани од делата на познати домашни и странски уметници.

Настанот беше збогатен со музиката на џез-гитаристот Тони Китановски Фото: Кире Галевски

Холот на музејот беше збогатен со 20 скулптури од бронза на Томе Серафимовски (1935-2016), селектирани од приватните колекции. Меѓу другите, изложен е и портрет од бронза на Славко Јаневски, како и последната негова скулптура на Михајло Пупин, што Серафимовски не дочека да ја види излеана во бронза. На изложбата беше најавено наскоро и ретроспективна изложба од сите циклуси на творештвото на Серафимовски, што ќе дадат нова светлина врз неговото монументално творештво.
Изложбата во Музејот на град Скопје ќе биде отворена за посетители до 15 октомври.

Ерол Ризаов беше еден од говорниците, Фото: Кире Галевски

Фото: Кире Галевски

Фото: Кире Галевски

Фото: Кире Галевски


Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.