Објавена последната книга од Леонард Коен – The Flame

Две години по смртта на легендарниот музичар Леонард Коен, од печат излезе неговата последна книга – The Flame. Станува збор за неверојатна колекција на необјавени песни и дела на Коен, што ги селектирал и ги подготвил во последните месеци од својот живот. Книгата содржи широк избор на записи од неговите тефтери во кој се содржани текстови, прозни дела и илустрации, што тој ги чувал во поетска форма во текот на својот живот. Делото, што излезе од печат денеска (втори октомври), нуди и невиден интимен поглед во животот и умот на овој уметник и мислител.

– Во последните месеци од својот живот, Леонард имаше еден фокус – да ја заврши оваа книга, во која доминираат негови непубликувани песни, а има и селекции од неговите нотеси. Иако беше со кревко здравје, на крајот, сепак тој успеа да ја заврши книгата неколку денови пред неговата смрт. Книгата го открива внатрешниот уметнички пламен што тлееше во Леонард до крајот – изјави Роберт Кори, менаџер на Леонард Коен и доверител на неговата оставина.
Коен ја почнал својата уметничка кариера во 1956 година, кога ја објавил својата прва книга со поезија Let Us Compare Mythologies. Низ годините има издадено уште 12 книги, вклучувајќи и два познати романа, како и збирки со неговите добро познати нумери. Зад себе има 14 музички албуми, од кои три во последната година од животот.
Меѓу многуте почести, тој е добитник на наградата за животно дело на „Греми“, наградата „Принцот на Астуријас“ за литература во 2011 година, инаугуративната ПЕН-награда за стихови во 2012 година, наградата „Јуно“ во 2016 година за најдобра песна и албум. Влезе во Канадската и Американската хала на славни музичари-автори и во Халата на славните во рокенролот. Почина во ноември 2016 година.
Покрај книгата, неговиот син најави дека следната година се очекува и нов, постхумен албум од Коен.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.