Наскоро книга инспирирана од ТВ-серијата Stranger Things

Иако вообичаено книгите се инспирација за ТВ-серии и филмови, сепак во случајот на „Чудни нешта“ (Stranger Things) редот ќе биде необичен. Инспирирана од приказната во популарната ТВ-серија што се емитува на „Нетфликс“, издавачката куќа „Пингвин“ во февруари 2019 година ќе објави книга заснована на приказната од серијата. Дејството во првата „Чудни нешта“-книга, напишана од Гвенда Бонд, ќе се одвива во шеесеттите години на 20 век, две декади пред случувањата во серијата. Во книгата со наслов „Suspicious Minds“ ќе се откријат детали за судбината на еден од главните ликови – девојчето со телекинетички моќи Елевен, која во серијата ја игра младата актерка Мили Боби Браун.

Во првата сезона од серијата се открива дека нејзината мајка Тери Ајвс, додека била бремена, била подложена на таен тест во лабораториите на ЦИА. Кога се родила Елевен била ставена во посебна владина програма водена од д-р Бренер, а нејзината мајка била прогласена за луда. Првиот дел ја следи приказната на д-р Бренер (кој во серијата Елевен го нарекува Тато), кој на својот тим му наредува да му најдат потенцијални кандидатки за овој тест – што ќе го поврзе со мајката на Елевен. Во очекување на третата сезона на оваа серија, што треба да биде емитувана следното лето, книгата ќе биде интересно четиво за фановите на „Чудни нешта“.

Извор: Vice.com

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.