Во урбана атмосфера, со позитивни вибрации, во присуство на модните новинарки, инфлуенсерки и претставници од повеќе модни и козметички компании, вчера (26 септември) блогерката Емилија Вучиновска го одбележа петтиот роденден на својот блог Miss Urban Vibe. Дружбата, што се одржа во скопскиот локал Drip Coffee, беше збогатена со добро кафе, вкусни колачи од Umami и најбараните изданија од книжарницата „Литература.мк“.

Секој од гостите доби книга од „Литература.мк“, со посвета .
Секој од гостите на Вучиновска доби подарок-книга со персонализирана порака. Со желба да потсети на малку подзаборавената навика – подарување книги со лична порака, блогерката, во соработка со книжарницата „Литература.мк“, избра книги – соодветни за секој гостин и им напиша посвета. Насловите во издание на „Арс Ламина – публикации“ се од повеќе жанрови, а одговараат на личноста и афинитетите за читање на секој од присутните. Актуелните и барани наслови како: „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, „Јас сум Малала“, „Стоте највлијателни жени во историјата“, „Сѐ што чуваме“, „Светот на рамена“, „Рана есен“, „Приказна за мустаќот“, „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, „Нултиот број“, „Сите луѓе на кралот“, „Смртта на Бани Монро“, „Во овој наш живот“, „Црвена кралица“ се само дел од книгите што беа дел од овој настан.
– Секогаш ми значеле оние неколку зборови напишани на почетокот на секоја подарена книга… што да кажам, олд скул фраерка сум… Овие зборови многу кажуваат за човекот кој ги напишал… и сепак, секоја книга секогаш е посветена некому… Дали и вие сте како мене и сè уште пишувате посвети на книги? – вели Емилија.
Ден претходно таа направи и фотосесија во препознатливиот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Вечерва, со почеток во 21 часот, во „Радиобар“ ќе се одржи и забава по повод петтиот роденден на Miss Urban Vibe.
Ви преставуваме дел од атмосферата на настанот на Miss Urban Vibe во Drip Coffee преку објавите на гостите на своите профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, како и сегменти од фотосесијата во книжарницата „Литература.мк“.

Новинарката Вики Ристовска Чадиковска

Јасмина Апостоловска, маркетинг менаџерката на Fashion Group Macedonia

Катерина Трајановска, уредничка на модниот сајт Stylist.mk

Милена Танаскоска, модна уредничка и стилист во магазинот Unique

Мартина Танаскоска, инфлуенсерка и основачка на брендот La Martina Monroe

Владо Сејменовски, менаџер во Fashion group Macedonia и основач на SVbeardcare

Емилија Вучиновска сними фотосесија во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“