Седум трилер-факти за Стивен Кинг за неговиот 70 роденден

Славниот писател Стивен Кинг денеска (21 септември) го прославува својот седумдесетти роденден. Во негова чест ви откриваме седум интересни факти за неговиот живот, што веројатно не сте ги чуле досега.

 

1. Синот на Кинг – Џозеф Хилстром Кинг пишува под псевдонимот Џо Хил и има продадено речиси 700000 книги во САД. Овен Кинг, најмладиот син на Стивен Кинг, има издадено неколку раскази и еден роман, а има и соработка со татко му за „Заспаните убавици“ (Sleeping Beauties), што е хит во книжарниците низ САД. Сопругата на Кинг – Табита, е исто така писателка.

2. Хотелот „Стенли“, што се наоѓа во Колорадо, САД, е хотелот што го инспирирал Кинг да го напише хорор-романот „Сјаење“. Хотелот е изграден во 1909 година, а романот „Сјаење“ (Shining) првпат е издаден во 1977 година.

3. Покрај писател, Кинг е исто така и музичар и е член на рок-бендот наречен „Рок ботом римејндерс“ (Rock Bottom Remainders).

4. Стивен Кинг работел на сценариото за музичкото видео на „Духови“ (Ghosts) од Мајкл Џексон, а напишал и мјузикл со Џон Кугар Меленкамп.

5.Доналд Трамп го „блокирал“ Стивен Кинг на „Твитер“, а како одговор на тоа Кинг изјавил дека тој за возврат ќе му забрани на Трамп да ги гледа „It“ и „Mr. Mercedes“.

6.Книгата „Гнев“ (Rage), што Стивен Кинг ја издал под псевдонимот Ричард Бакман, е повлечена од печат поради фактот дека приказната инспирирала серија пукања во училиштата во САД. Приказната „Гнев“ зборува за проблематичен ученик кој учествувал во опасна вооружена пресметка во училиште.

7.Стивен Кинг за малку ќе загинел во сообраќајна несреќа во 1999 година, по која не се знаело дали ќе може повторно да оди. Поради јаката терапија што ја примал, Кинг сакал да се одрече од пишувањето, но напротив, токму тогаш излегува една од неговите најдобри книги „За пишувањето“ (On Writing), во која Кинг нуди бесценети совети за тоа како да се стане добар писател.

Книгите од Стивен Кинг, на македонски јазик, се достапни за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Извори:allthatsinteresting.com www.usatoday.com www.thebookseller.com

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.