Осум влијателни книги од модните инфлуенсерки

 

Ако некогаш модните трендови ги диктираа влијателните магазини, црвениот килим и колекциите на познатите модни куќи, веќе една деката тој примат го земаат блогерките и ѕвездите на уличната мода. Благодарение на експанзијата на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“, „обичните“ девојки добија шанса да станат главните двигатели на модните трендови. Дел до нив прераснаа во главни промотори на козметичките и модни парчиња. Некои и самите станаа дизајнери и лансираа свои колекции. А покрај тоа што се интересни за пишување и анализа во медиумите, и самите станаа автори, објавувајќи биографски книги и водичи за мода. Ви преставуваме селекција на осум влијателни книги од најпознатите модни инфлуенсерки. Во нив ќе дознаете повеќе за нивниот пат од првата модна објава до првиот милионски договор, а на страниците има и многу илустрации и корисни совети за мода и убавина.

 

IT – Алекса Чанг

Британската ТВ-водителка и трендсетерка Алекса Чанг, која инспирира милиони жени со својот уникатен спој на новите трендови и винтиџ-моделите, ги открива своите модни тајни во книгата IT. Всушност, таа е и позната како лондонската ИТ-девојка, која ненаметливо и лежерно постави нова естетика на црвениот килим. На белите страници од книгата ги открива своите модни тајни, копнежи, желби, мечти и цели. Во книгата се напишани детали од нејзиниот пат, од девојка од соседството со нов моден феномен и трендсетерка на светско ниво.

 

Man Repeller: Seeking Love. Finding Overalls – Леандра Медин

Една од највлијателните блогерки, Леандра Медин, која стои зад модниот проект Man Repeller, на забавен начин ги открива своите модни тајни во книгата со симпатичен наслов: „Трагајќи љубов, наоѓате комбинезон“. Облечена во целосни фармерки, оваа њујорчанка, вљубена во уникатни модни додатоци и чевли (и самата дизајнерка на неколку колекции) во книгата Man Repeller: Seeking Love, Finding, покрај одличните илустрации, објавува есеи напишани во прво лице. Ги споделува своите модни искуства и сеќавања од најважните модни моменти, збогатено со искрени коментари и модни совети.

 

Dress Scandinavian – Пернил Тајсбек

На повеќе од 200 страници една од најголемите ѕвезди на уличната мода, Пернил Тајсбек, открива како можете да го постигнете посакуваниот скандинавски имиџ. Книгата изгледа еднакво стилски како и нејзината авторка, а страниците се исполнети со модни фотографии и совети како да ги комбинирате парчињата, ткаенините и боите и да креирате кул минималистички стил како на улиците во Данска и Шведска. Изданието содржи поглавје посветено на природниот изглед и шминка, а има и совети како да го трансформирате својот дом во топла примамлива оаза.

Gio_Graphy: Fun in the Wild World of Fashion – Џована Баталја

Во книгата на модната уредничка на списанието „W“ и на јапонското издание на „Вог“ можете да добиете увид во секојдневниот живот на една модна инсајдерка. Изданието содржи модни совети и забавни анегдоти од модните настани. Во својата книга италијанската инфлуенсерка открива каде и како наоѓа инспирација за модните едиторијали, но и за своите секојдневни стајлинзи. Споделува и корисни совети за убавина и мода, на пример: како да комбинирате минималистички топ-блузи, како да носите огромни шапки и парчиња во црвена боја и што да направите ако на јавен настан се појавите облечени исто како некој друг. Покрај нејзините тајни трикови, на 224 страници ќе имате можност да прочитате и совети од дизајнерката Каролина Ерера и легендарната уредничка Ана Дело Русо.

à Paris – Жана Дамас

Кога француската ѕвезда на уличната мода, Жана Дамас, која има повеќе од 800 илјади следбеници на „Инстаграм“, ја објави својата книга со модни совети à Paris беше неминовно дека тоа ќе стане задолжително модно четиво за новата генерација. Оваа книга е збирка од портрети на 20 Французинки. Претставена е нивната елеганција, стил, шар и дух како митски тренди- девојки. Меѓу нив се писателки, режисерки и активистки од сите генерации, од 14 до 70 години. Нивните приказни ги документира новинарката Лорен Бастил, а ги фотографира Жана Дамас. Во книгата можат да се пронајдат и фотографии од Дамас што претходно не биле објавени, како и нејзини препораки за ресторани, пекарници, продавници и винарници во Париз.

Love x Style x Life – Гаранс Доре

Искрена и непосредна, француската илустраторка, фотографка и блогерка, денес сопственичка на порталот Atelier Doré, ја отвори својата душа во книгата Love x Style x Life. Таа пишува за кариерата, стилот и модните трендови, а пред крајот на делото се фокусира на внатрешната убавина. Станува збор за личен дневник и инспиративни разговори со жени кои изградија сериозни кариери во светот на модата, како Еманиел Алт, Џени Лајонс и Дајан фон Фустенберг.

 

Capture Your Style – Ејми Сонг

Книгата Capture Your Style од блогерката Ејми Сонг е водич како да го трансформирате својот профил на „Инстаграм“ или моден блог во успешен бренд, со само една објава од вашиот телефон. Во овој инстаграм-водич ќе откриете како да го подобрите квалитетот на своите фотографии, како да ги осветлите и изострите и кои филтри да ги користите. Таа советува како да направите приказна од една фотографија. Во книгата ќе прочитате како да добиете повеќе следбеници на „Инстаграм“, како да изберете со кого ќе соработувате и како да се поврзете со брендовите.

 

Gala Confidential – Гала Гонзалес

Славната шпанска блогерка Гала Гонзалес одлучи својата десетгодишна кариера како блогерка да ја овековечи во книгата Gala Confidential, објавена пред една година. Важи за пионерка во оваа области, а во книгата открива дека на почетокот не можела ни да претпостави во која насока ќе се развива модното блогерство. Во книгата ги опишува сите свои лични и професионални искуства, првите чекори во развој на блогот, како изгледа нејзиниот секојдневен живот, како се промени со појавувањето на „Инстаграм“ и сите фактори што придонеле во создавање на терминот инфлуенсерка.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.