„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираат училишна опрема во рамките на акцијата „Среќна школска година“ на „Проект среќа“

Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарницата „Литература.мк“, донираат училишна опрема за деца во социјален ризик, во рамките на добротворната акција „Среќна школска година“ на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“. Донацијата содржи повеќе од 850 парчиња: едукативни помагала и училишни материјали, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.
Донаторските пакети беа врачени вчера, а ќе се доделуваат и денеска (7 септември) по 16 часот пред кугланата во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меѓу другото, за децата се наменети: тетратки, блокчиња, постери за во училница, геометриски блокчиња, нотни тетратки и примероци од списанијата „Мини Либи“ и „Либи“ во вкупна вредност од повеќе од 64.600 денари, обезбедени од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.
Донацијата ќе им го олесни финансискиот товар на многуте родители кои, за жал, не се во можност да им овозможат на своите деца нова школска опрема на почетокот на оваа училишна година.

Ова е втора година по ред како книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ го поддржуваат донаторскиот повик на „Проект Среќа“, под мотото дека „секое дете треба среќно да ја почне учебната година“. Пред неколку месеци, пак, заеднички ја збогатија и училишната библиотека на ПОУ „Златан Сремeц“ – Скопје, со донација од над 50 книги и сликовници.
На почетокот на новата учебна 2018/19 година „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ се заложуваат да ги направат подостапни школските материјали до најранливите социјални групи, донирајќи книги, учебници и дидактички помагала. Минатата недела издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ подари библиотека на Дневниот центар за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести, „Собата на Жозеф“ во Детската клиника – Скопје, опремена по иницијатива на Здружението за борба против рак, „БОРКА – За секој нов ден“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.