Бестселери што ѕвездите ги читаат ова лето

Музичките и филмските ѕвезди својата популарност често ја користат и во хумани цели: за донации, помош за сиромашните, подигнување на свеста за одредени општествени проблеми… Дел од нив се во благородна мисија за продолжување на читачката култура. Својата пасија за читање ја споделуваат преку разните читачки клубови. Веројатно веќе го знаете книжевниот клуб на Опра Винфри, како и на Ема Вотсон, Рис Витерспун, Ема Роберст, Сара Џесика Паркер… Ова убаво друштво на паметни и влијателни жени се дополнува со уште неколку актерки како Рошинда Џонс, Минди Калинг и Софија Буш. Веб-страницата www.bustle.com објави листа со седум книги што овие ѕвезди ги читаат ова лето и им ги препорачуваат на своите следбеници на социјалните мрежи. Од жанровите доминираат романсите, крими и психолошките трилери, а има и поезија, и по некој наслов за најмладите читатели.

Рис Витерспун ја чита Следната година во Хавана од Шанел Клитон

(Next Year in Havana – Chanel Cleeton)

На својот профил на инстаграм, Витерстпун напиша: „Не можам да одолеам на добра романса. Следната година во Хавана од Шанел Клитон е прекрасен роман, полн со забранети страсти, семејни тајни и многу храброст и жртва. Приказната следи две различни генерации жени на Куба: Елиса, која била принудена да избега од таму за време на револуцијата, и нејзината внука Марисол, која се враќа. На крајот, сè се врти околу љубовта. Едвај чекам да ја прочитате оваа книга!“

Ема Робертс ја чита Мртвите девојки: есеи за преживување на американската опсесија од Алис Болин

(Dead Girls: Essays on Surviving an American Obsession – Alice Bolin)

 

Во својот белетристички клуб на читатели младата актерка Ема Роберт ја сподели книгата Мртвите девојки: есеи за преживување на американската опсесија од Алис Болин. Вели дека „ова е книга за големите љубители на мистерии и крими-романи со вистинити приказни. Книгата ме поттикна да размислувам и за мојата фасцинација со вистинскиот криминал на начин што никогаш порано не го разбрав. Книгата ќе ве натера да мислите поинаку“.

Минди Калинг чита Пеколниот клуб од Џејк Тапер

(The Hellfire Club – Jake Tapper)

 

Според актерката, писателка и комичарка, Минди Калинг, книгата од Џејк Тапер Пеколниот клуб е навистина одлична книга. На својот инстаграм профил призна дека не можела да се оддели од книгата, и ја прочитала во еден здив. „Дечки, ако сакате политички трилер – ова е тој!“

 

Ема Вoтсон ја чита Млеко и мед од Рупи Каур

(Milk and Honey – Rupi Kaur )

 

Основачката на клубот „Нашата заедничка полица“, актерката Ема Вотсон го избра својот прв поетски наслов – Млеко и мед на Рупи Каур. Во своето образложение напиша:

„За разлика од песните што честопати ми требаа неколку недели да ги разберам, песните на Рупи не се напишани да го прикријат значењето или да наведат на двосмисленост – тие те удираат право во желудник“, напиша Вотсон во постот на инстаграм, најавувајќи го својот книжевен избор за јули-август. „Тие се непосредни, висцерални и не е лесно да „ги сварите“. Нема да згрешам ако кажам дека Рупи ја направи поезијата „достапна”, бидејќи тоа е вистината (поезијата и илустрациите на Рупи се вклопуваат во препознатливите коцкести рамки на „Инстаграм“). Но, темите што ги опфаќа таа, не се ниту лесни или пак, достапни. Тие се многу смели“.

 

Сара Џесика Паркер чита Океј, г-н Филд од Кетрин Килелеа

(OK, Mr. Field – Katherine Kilalea)

 

Иако е препознатлива како модна икона, сепак, Сара Џесика Паркер е исто така трендсетерка и во областа на издаваштвото. Таа е голема љубителка на пишаниот збор, постојано чита и препорачува наслови, а и самата е инволвирана во издаваштво. Деновиве на инстаграм објави препорака со натпис: „Сите жени-автори што го заслужуваат вашето време“. Тоа се многу значајни женски гласови од целиот свет. Меѓу нив е и Океј, г-н Филд од Кетрин Килелеа. Според нејзе треба да се прочита од корица до корица.

Рашида Џонс чита Воздишка: анонимни есеи за женскиот оргазам уредена од Ема Коинг

(Moan: Anonymous Essays on Female Orgasm – Emma Koeing)

 

„Колку повеќе споделуваме од спектарот на женски желби, толку подобро“, напиша актерката Рашида Џонс на инстаграм. „Ема Коинг направила прекрасна колекција есеи коишто се смешни, искрени и неопходни.“

 

Софија Буш ја чита Малиот радикал: АБЦ на активизмот на Даница и Џејсон Расел

(A Little Radical: The ABC’s of Activism – Danica and Jason Russel)

 

Кој вели дека книгите за деца се само за деца? Актерката Софија Буш вели дека иако Малиот радикал е технички за децата, таа сè уште ја чита и учи многу од читањето. „Тоа е азбука на активизмот. Ги учи децата и возрасните од цел свет, како да се сакаат. Како да се биде дел од тимот и како нечија љубов, посветеност и активност може да го направат светот подобар.“

 

Бри Ларсон ја чита Патувањето на хароината од Морин Мурдок
(The Heroine’s Journey – Maureen Murdock)

Оскаровката Бри Ларсон го препорачува феминистичкиот класик Патувањето на хароината од Морин Мурдок. Таа на инстаграм сподели и цитати од книгата: „Ова е светиот брак меѓу женското и машкото: кога жената навистина може да им служи не само на потребите на другите, туку ќе може да ги цени и да одговара на сопствените потреби”. Не знам за вас, но тоа е вид на афирмација за која би сакала да слушнам повеќе-напиша таа.

 Извор: www.bustle.com

Доколку саката да го освежите својот летен избор на бестселери за на плажа, проверете ја листата со наслови од „Литература.мк“ и нарачајте на следниот линк.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.