Волшебно патување со шест магични приказни од нашите полици


Понекогаш, сè што ни треба е малку фантазија за да ја преживееме реалноста. Фантазијата не е секогаш бегство од реалноста, туку е нејзино дополнување или начин за подобро разбирање. А книгата е еден од најубавите мостови помеѓу реалноста и фантазијата. Книгата, како и имагинацијата, може ве однесе каде било, да преживеете безброј животи и да ви донесе многу перспективи.
За најмладите читатели, но и за сите тие што го негуваат детето во себе, што сакаат магија, да летаат со самовили, дружба со вампири и супервештерки, да се борат со чудовишта, да владеат со кралеви и да скротуваат џинови и змејови, може да ги прочитаат овие шест волшебни приказни од нашите полици.
Но, има еден трик: „кога патувате во светот на фантазијата не треба да го изгубите допирот со реалноста“ – рекол Волт Дизни. Потрагата по новиот омилен лик од детската литература може да почне.

  1. „Исидора Мун оди на кампување“ од Хариет Мункастер

Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ – вампир, а таа е по малку од двете. Па, кога сите заедно ќе отидат на кампување на море, можат да се случат некои работи што не се баш вообичаени… Од печење шеќерлеме на логорски оган до спријателување со сирена – посебни нешта се случуваат кога е вклучена Исидора! „Исидора Мун оди на кампување“ е дел од серијалот од Хариет Мункастер . Покрај овој наслов достапни за нарачка се и книгите:
„Исидора Мун слави роденден“
„Исидора Мун оди на балет“
„Исидора Мун оди на училиште“

Книгата „Исидора Мун оди на кампување“ е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

  1. „Кралот Светкошорц и чудовиштето од Кронг“ од Енди Рајли

Приказните за Едвин Светкошорц се пресмешни. Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп и замок со тајни премини и уште што не. Кога веста за едно ОГРОМНО И УЖАСНО чудовиште ќе стигне до кралот Едвин, тој знае дека мора да оди да се бори со него. Исто така, и злиот цар Нурбисон, кој дефинитивно нема многу поитар план за чудовиштето. Секако дека не. „Кралот Светкошорц и чудовиштето од Кронг“ е дел од серијалот на Енди Рајли. Покрај овој наслов достапни во продажба се и „Кралот Светкошорц и Злиот цар“ и „Кралот Светкошорц и играчките на ужасот“.
Книгата „Кралот Светкошорц и чудовиштето од Кронг“ е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

  1. „Магично дрво. Црвеното столче“ од Анджеј Малешка

Неверојатни авантури, опасности и магии… Мост од светлина и големо цунами. Летачка куќа, џиновски лав и сто магични кучиња! Фантастична приказна за деца кои пронашле столче што исполнува желби. И оние добрите и оние лошите… Романот е добитник на наградата на Меѓународниот совет за книги за млади – IBBY, за најдобра книга за млади читатели.
Врз основа на приказните од „Магично дрво“ создаден е светски познатиот филмскиот циклус, кој е добитник на наградата „Еми“ – за фантазија, мудрост и хумор.
Aнджеј Малешка, филмски режисер, автор на романи и сценарија. Добитник е на многу меѓународни фестивалски награди. Неговите филмови и романи се полни со фантастични авантури. А, истовремено раскажуваат и за многу важни работи.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

  1. „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска

„Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња” е сосема неверојатна приказна за едно неверојатно девојче кое не сака да си го открие името, за една исто толку неверојатна бела мачка, за еден парк по име Зеленпарк што крие мнооогу мистерии, за еден дух од таванот, за еден мистериозно исчезнат поет и уште многу други чудни нешта. Плус, ова е прирачник за женските што сакаат да станат супервештерки и тест „Каква вештерка си?“. Суперкреативни вештерски дневник и вештерска чкртанка-цртанка само за ТЕБЕ!
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

  1. „ГДЏ – Големиот добар џин“ од Роалд Дал

ГДЏ не е таму некојси обичен џин што дроби и џвака коски. Не – тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи дознава дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш за секогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
Покрај овој светски детски бестселер на Роалд Дал, со илустрации на Квентин Блејк, достапни се и „Вештерки“ и „Џејмс и џиновската праска“ на следниот линк.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

  1. „Змејот на татко ми“ од Рут Стајлс Ганет

Малиот Елмер поаѓа на далечно патување до Дивиот остров, каде што, според кажувањата на една стара улична мачка, животните кои живеат таму држат заробено едно бебе-змеј. И што станува потоа? Дали Елмер успева да го спаси змејот? Е, тоа ќе дознаете откако ќе ја прочитате приказната…
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.