Градови на книгите – Идеално бегство од секојдневието

Колку често посакувате да избегате од секојдневието и да отпатувате на друго место, во друго време или димензија? Или, пак, да заминете во светот на книгите? Иако патувањето во светот (или во земјата) на книгите често се доживува симболично, сепак постојат такви дестинации, т.н. градови на книгата. Тоа се мали населени места, раштркани насекаде во светот кои се ултимативен сон за сите љубители на книгата.
Во светот има повеќе од 40 неофицијални градови на книгата – секој приказна за себе, со интересна историја и архитектура. Несомнено, секој од нив е со непроценливо културно богатство и значајна читачка мисија.
Терминот „град на книгата“ се користи за места со голем број книги, книжарници, библиотеки, или продавници за антикварски изданија. Во повеќето се одржуваат и книжевни фестивали, кои привлекуваат бројни туристи. Голем дел од т.н. „книжевни градови“ се дел од Меѓународната организација на книги за градови. Повеќето се најдоа и во туристичкиот водич „Book Towns”, каде што со бројни фотографии и описи се претставени репортажи од сите поинтересни места. Па така, од анонимни дестинации, станаа препознатливи прибежишта на библиофилите.


Во нив книгите се поставени во најнеочекуваните места како: железнички станици, улици, банки, холови на стари објекти, пожарникарски згради, пазари за зеленчук и овошје, пристаништа, фарми… по необичен редослед, но секаде се во хармонија со духот на градот. „Градови на книгите“ има во Велика Британија, Шпанија, Франција, Швајцарија, Јапонија, Белгија, Португалија, Холандија, Шкотска…
Меѓу најпознатите и најпосетени книжевни дестинации е Хеј-он-Вај во Велс, или популарно наречен само Хеј. Ова место привлекува голем број љубители на книгата во потрага по евтини, стари книги што можат да се купат во повеќе од 40 книжарници, како и на многубројните штандови во градот. Хеј е дом на „Фестивалот на книгата Хеј“ – наречен „Вудсток за умот“, што секоја година го посетуваат околу 80.000 љубители на книгата, писатели и издавачи од целиот свет. Приказната почнала во 1961 година кога Ричард Бут ја отворил својата прва книжарница за стари книги во пожарникарскиот дом. Набавувал книги од Америка, каде во тоа време книжарниците постојано се затворале. После некое време во градот се отворени уште неколку книжарници, а до 70-тите години на минатиот век се популаризирал како „Градот на книгите“. Денес, ова мало гратче годишно го посетуваат околу 500.000 туристи. Меѓу бројните книжарници во Хеј најнеобични и најинтересни се оние што се нарекуваат „чесни книжарници“. Тие обично се празни (без продавач) и се состојат само од полици и книги. Луѓето едноставно избираат книга и оставаат пари во мало поштенско сандаче.


Покрај Хеј-он-Вај, интересна е приказната и на Мундал, мало гратче сместено помеѓу фјордовите и глечерите во западниот дел на Норвешка. Тоа е вистинско место за сите што сакаат за миг да заминат од стресниот градски современ начин на живот. Интересно е што гратчето има 280 жители, а преку 150 илјади изложени книги. Секое напуштено место или објект жителите го уредиле, исполнувајќи го со книги и создавајќи сосема ново место каде можете да потонете во светот на имагинацијата. Па така, може да се најдат полици со книги на секој чекор, на бројни импровизирани книжарници како: телефонска говорница, приколка, напуштени куќички.


Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.