Најубавите сликовници за подарок за големи и мали

Ѕвездан, Луна, Дени, Лука, Ана, Оливер, Томас, Тео… се само дел од малите – големи јунаци, главни ликови во најубавите сликовници во „Литература.мк“. Овие нежни, забавни и поучни приказни, дополнети со неповторливи илустрации се идеалниот подарок, не само за децата, туку и за возрасните. Книги кои вреди да се имаат во домашната библиотека.

1. „Ѕвездено дете“ – Ване Костуранов
Ѕвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив. Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го доведе до нешто сосема, сосема неочекувано… „Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта. Авторот на книгата, Ване Костуранов е роден во 1979 година во Струмица. Уште од мал повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, реши сам да си ја оствари, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство, а „Ѕвездено дете“ е негова прва сликовница за деца и возрасни.
Изданието е достапно за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

2. Риба за Луна – Лиса Аисато
Луна не може да заспие. Го отвора прозорецот и погледнува надвор. Има нешто таму. Нешто лебди и внимателно се лизга меѓу куќите. Дали е балон? Дали е… летачка риба? Родителите на Луна ѝ велат дека рибата е грда и дека не може да ја задржи, затоа Луна решава да ѝ помогне на рибата да се врати дома. Но, рибата не кажува каде е нејзиниот дом. Сè што кажува е „Ај“, „Јуе“, „Куу“, „Маан“, „Цуки“, „Кароо“ и „Камар“. А кажува и „Луна“. Лиса Аисато е писателка и илустраторка, која е влезена во потесен избор за наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 2016 година, како и во потесен избор за Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ во 2015 година. Во „Риба за Луна“, Лиса Аисато со огромна храброст ги истражува големите животни прашања и презентира еден свеж поглед на човечката осаменост и надежта, видени од перспектива на децата. Интензивните детски чувства во случајов се персонифицирани во обликот на една осамена, необична риба. „Риба за Луна“ е уникатна и прекрасна сликовница за деца и возрасни. Таа е влезена во потесен избор за наградата „Браге“, потоа за „Најдобра сликовница“ во рамките на книжевните награди за деца и млади на Министерството за култура на кралството Норвешка во 2014 година, и наградата „Бук Блогер“ во 2014 година.
Изданието е достапно за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

3. „Мали огласи и уште по нешто“ – Дејан Алексиќ
Мали огласи, жалби и тужби, вести и необична мода – сето ова е дел од оваа забавна книга на приказни во стих, од кои ќе се тресете од смеа. Мустаќи кои преку оглас бараат нов сопственик и едно голобрадо лице кое се јавува на огласот; радијатор кој се жали на луѓето кои ја мразат зимата и едвај чека топлиот декември да му ги згрее ребрата; вест е дека една кобила му го заробила срцето на расниот коњ, а жирафата е доказ дека високата мода може да оди на четири нозе…
Со своите „Мали огласи”, Дејан Алексиќ ќе го допре и најзаспаниот нерв на секој што длабоко во себе е дете и ќе го подигне да ги согледа и да ги поврзе односите во калеидоскопското шаренило на фантазијата и реалноста. „Мали огласи“ е добитник на наградата „Доситиеево перо” во категоријата за помлади.
Изданието е достапно за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

4. „Мистериозното јајце“ – Оливер Коларевски
Најдобрите другарчиња Дени, Лука, Ана и Оливер пронаоѓаат едно џиновско и крајно мистериозно шарено јајце. Што ли се крие во него? Секое од децата замислува што би можело да има во јајцето, а Оливер си мечтае дека во него има малечко розово слонче. Слонче? Па, кој слушнал слонче да излезе од јајце? Слончињата не се раѓаат од јајца, за разлика од птиците, кокошките, диносаурусите и змејовите. Како ли ќе се разреши оваа гооолема мистерија и што навистина се крие во јајцето?
Изданието е достапно за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

5. „Зошто сум тука?“ – Констанс Орбек-Нилсен, Акин Дузакин
Се прашувам зошто сум тука. Токму тука. Дали сè ќе беше сосема поинакво ако бев на некое друго место? Дали тогаш ќе бев некој друг? Некој што, исто така, се прашува зошто е таму.
„Зошто сум тука?“ е прекрасна, длабока приказна на норвешката авторка Констанс Орбек-Нилсен, проследена со впечатливите илустрации на Акин Дузакин, за едно дете кое се прашува како е да се живее на други места во светот и зошто е токму такво какво што е и живее таму каде што живее. Кој ќе беше да беше родено во некој друг дел на светот? Дали ќе се снајдеше ако беше многу посиромашно? Детето се обидува да се замисли себеси во ситуации во кои би можеле да се најдат други деца од други краишта на светот. Оваа сликовница на прекрасен, поетски начин, гледана од аспект на едно дете, ги опфаќа сериозните прашања поврзани со идентитетот, културата и глобалните предизвици. Книгата има добиено признание: Special Mention of the Jury, Bologna Ragazzi Award, 2015.
Изданието е достапно за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

6. „Неочекуваните мачки“ – Хелге Торвунд, Мари Канстад Јонсен
Сликовница за сите тинејџери и фанови на графички новели! Томас и Тео одат кај дедо им за да јадат палачинки, да ги слушаат неговите стари плочи и да свират гаражен рок. Додека јадат, се случува нешто многу чудно: нивниот дедо одеднаш се претвора во мачка! Тие мислат дека тоа е забавно и возбудливо, но, во исто време, и малку опасно, затоа што набрзо треба да одржат рок-концерт пред целото гратче со нивната група „Неочекуваните мачки“.
Книгата е номинирана во категоријата „Најдобра сликовница“ во рамките на книжевните награди за деца и млади на Министерството за култура на кралството Норвешка за 2013 година. Сликовницата е добитник на втората награда во категоријата „Корици за книги/Детски книги“ во Årets Vakreste Bøker во 2013 година.
Изданието е достапно за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

7. „Бајки од Македонија“ – Билјана С. Црвенковска, Катерина Николовска
Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки, односно македонски волшебни приказни што претставуваат дел од нашата усна традиција. Овие приказни, собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, сега се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и прилагодени на децата од предучилишна возраст. Илустрациите за „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и дванаесетте месеци“ и „Вејко Северко“ ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, а е реализиран во партнерство со „Арс Ламина“. Изборот на бајките беше направен со стручна помош од професор д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а бајките ги адаптираше Билјана Црвенковска.
Изданието е достапно за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.