Топ 10 инспиративни биографии за ова лето

 

Книгите што ги следат интересните животни приказни на познатите личности: светски лидери, членови на кралски семејства, уметници, научници, иноватори, спортисти и политичари, секогаш се интересно четиво. Кралицата Елизабета Втора, Малала Јусафсај, Агата Кристи, Стенли Кјубрик, Роналдо, Меси… се само дел од личностите чиишто биографии ви ги препорачуваме да ги прочитате ова лето.

1. „Роналдо – опсесија за совршенство“ – Лука Кајоли
Патот до светската слава што денес ја ужива Кристијано Роналдо не му е сосема лесен. Роден во градот Фуншал на португалскиот остров Мадеира, во скромно семејство на готвачка и општински градинар, од најмала возраст е вљубен во фудбалот. Вмешаноста во локалните фудбалски клубови на неговиот татко и други блиски луѓе му е отскочна штица на Роналдо кон големите клубови. На 12-годишна возраст се сели во Лисабон, како член на тимот на Спортинг. Оттаму, неговиот талент го води на друг остров, каде што се негува посебен култ кон фудбалот. На 18-годишна возраст преминува во редовите на Манчестер јунајтед и станува најскапиот тинејџер во историјата на англискиот фудбал. Потоа следува најголемиот шок во фудбалот со трансферот во кралскиот клуб, Реал Мадрид, за рекордни 94 милиони евра. Во оваа темелна биографија на Лука Кајоли, реномиран спортски новинар, содржани се и финеси од животот на Кристијано Роналдо што веројатно досега не сте ги прочитале на друго место.

*Акција на „Литература.мк“ и „ММагазин“ (Машки Магазин) до 31 август 2018.
Промотивната цена од 100 денари важи само со приложениот ваучер од „ММагазин“.
Редовната цена на книгата е 300 ден.
Книгата може да се нарача онлајн на http://www.literatura.mk. Доставата изнесува дополнителни 100 денари. При подигнувањето треба да се приложи промотивниот ваучер од „ММагазин“ (Машки Магазин).

ПРАВИЛА:
– еден ваучер може да се употреби за една книга.
– ваучерот не може да се искористи со друг попуст.
– фотокопии на ваучерот не се прифаќаат.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

2. „Кралицата Елизабета: животот на еден модерен монарх“ – Сали Бедел Смит

Бестселерот на „Њујорк тајмс“ – „Кралицата Елизабета – животот на еден модерен монарх“ е одличен избор за сите читатели кои сакаат да се запознаат со животот на кралицата Елизабета Втора одблизу, како и со најмоќната монархија во светот денес. Од моментот кога седнала на тронот во 1952 година на дваесет и петгодишна возраст, кралицата Елизабета Втора постојано ја следи будното око на јавноста. Но, гледајќи низ облакот на гламурот и озборувањата за неа, се прашуваме дали навистина ја гледаме кралицата во нејзината вистинска светлина?
Сали Бедел Смит, популарната и светски признаена авторка на биографии, ни открива мноштво детали од приватниот и од јавниот живот на Елизабета Втора, кралицата која ја води својата земја и земјите на Комонвелтот низ војни и тешки времиња во последните 60 години со неспоредлива смиреност, интелигенција и грациозност.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

3. „Агата Кристи: Автобиографија“
Мистеријата напишана од Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е токму нејзината сопствена автобиографија. Во текот на три децении по нејзината смрт на 12 јануари 1976 година, многу читатели и книжевни критичари на делата на Агата Кристи ова дело го издвојуваат како најинтересното, а сепак најмалку познато. Нејзината веродостојна автобиографија, во најголем дел пишувана во шеесеттите години, скромно го игнорира фактот дека Агата веќе станала најпродаван автор на романи во историјата и се фокусира на нејзиниот фасцинантен приватен живот. Од раното детство кон крајот на ХIX век, преку два брака и две светски војни, како и нејзиното искуство како писател и како придружник на археолошките експедиции на нејзиниот втор сопруг, Макс Малован, Агата споделува детали од нејзиниот шарен и понекогаш комплексен живот со вистинска страст и отвореност.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

4. „Меси: приказна за момчето што стана легенда“ – Лука Кајоли
El Pibe de Oro. Златното момче. Сенката на Диего Марадона виси на аргентинскиот и светскиот фудбал. Десетици фудбалски ѕвезди се именувани како негови наследници. Во 2007 година, редот конечно доаѓа и до Лионел Меси. Три години подоцна, Меси – El Pulga, Болвата – веќе е шампион на Европа и носител на златен олимписки медал, добитник на Златната топка на ФИФА со рекорден број гласови, херој на милиони ширум светот, можеби природно најталентираниот фудбалер што некогаш истрчал на зелените терени… Овој пат новинарите се во право: фудбалскиот свет има свој нов Марадона. Можеби и подобар од Диего.
Црпејќи информации од низа интервјуа и сведоштва (од родителите на Меси и неговиот брат, неговите блиски и далечни роднини, неговите први тренери и нивните големи наследници, како и за крај, самиот Меси), во прецизно насловената „Приказна за момчето што стана легенда”, познатиот спортски биограф Лука Кајоли дава динамичен, лесно читлив и живописен преглед на една фасцинантна кариера што од болникаво момче со хормонални проблеми ќе создаде блескава инспирација и уште посјајна фудбалска ѕвезда – веќе овековечена на сите спортски неба.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

5. „Јас сум Малала“ – Малала Јусафсај, Кристина Лемб
Девојката која се бореше за образование и беше застрелана од талибанците… Кога талибанците ја зазеле долината Сват, таа крена глас. Малала Јусафсај одби да биде замолчена и се бореше за нејзиното право на образование. На деветти октомври 2012 година, вторник, кога таа имаше 15 години, за малку ќе платеше со живот за тоа. Беше застрелана во главата, од непосредна близина, враќајќи се од училиште кон дома со автобус и малкумина очекуваа да преживее. Но, нејзиното чудесно закрепнување ја одведе на едно прекрасно патување, од далечната долина во северен Пакистан до големите сали на Обединетите нации во Њујорк. На шеснаесетгодишна возраст, таа стана глобален симбол за мирен протест и најмладо номинирано лице за Нобеловата награда за мир.
„Јас сум Малала“ е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги цени синовите. „Јас сум Малала“ ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво. Малала Јусафсај е најмладиот добитник на Нобелова награда за мир.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

6. „Стенли Кјубрик: биографија“ – Џон Бакстер
Филмовите на Стенли Кјубрик со децении заземаат доминантна положба во јадрото на нашиот културен пејзаж. Во педесеттите, тој е еден од малкуте американски филмаџии кои ја достигнуваат тежината на европската кинематографија со „Патеки на славата“. За публиката од шеесеттите, тој е човекот кој ги снима влијателниот антивоен филм „Д-р Стрејнџлав“ и омилениот филм на контракултурата, „2001 Одисеја во вселената“. Во седумдесеттите ја создава химната за урбаното насилство, „Пеколен портокал“, а во осумдесеттите ја дестилира природата на личното лудило и колективното безумие во „Сјаење“ и „Полна воена опрема“. Во деведесеттите го снима филмот „Очи ширум затворени“ со Том Круз.
Кјубрик е роден во Бронкс, а од 1961 година до својата смрт живееше осаменички живот во рурална Англија.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

7. „Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови“ – Џорџ Беам
Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта „Харвард“ за да го основа „Фејсбук“, гигант и социјална мрежа што го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство. Но, вистинската приказна е малку посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини, во еден успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“, за да создаде неверојатно успешен бизнис?
Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, „Момчето милијардер“ е една детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот „Фејсбук“. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на „Фејсбук“, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

8. „Keјт идната кралица“ – Кети Никол
Исцрпна ретроспектива на оваа современа кралска љубовна приказна. Неверојатно и до детаљ, Никол ја разоткрива љубовта на Вилијам и неговата идна сопруга и ја истражува неговата силна поврзаност со својот брат и начинот на кој тие заедно ѝ даваат нов лик на иднината на британската монархија. Ова е врвна новинарска сторија за кралскиот двор. Богата со интриги и сочни детали за Вилијам и Хари − задолжителна лектира за обожавателите на кралското семејство.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

9. „Приватниот живот на тројцата тенори“ – Марсија Луис
Нивните имиња влеваат страхопочит во музичкиот свет, а нивните гласови ја маѓепсуваат публиката низ светот. Но, каков е, навистина, животот на тројцата тенори? Од оваа возбудлива биографија ќе дознаете за… Краткотрајниот брак во кој Пласидо Доминго стапил на седумнаесетгодишна возраст, што е тоа што Адуа Павароти најпосле ја навело да му стави крај на бракот – истото што го навело Ватикан да ја повлече поканата за настап на Павароти пред папата, стјуардесата која го освоила срцето на Хозе Карерас, неспокојствата што го измачуваат Павароти и начинот на кој се соочува со нив, лутото ривалство меѓу двајца од тројцата тенори, и др.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

10. „Алекс Фергусон: Мојата автобиографија“
Инспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Преглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата ’92, предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обостраната почит со Жозе Мурињо – сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромич на крајот од минатата сезона.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.