Незаборавно летување со книгите – добитници на „Андерсенова награда“

Јапонската писателка Еико Кадоно е годинашната добитничка на „Андерсенова награда“ – највисокото меѓународно признание за автори на детски книги. Признанието за најдобар илустратор на детски книги, пак, му беше доделено на Игор Олејников од Русија. Победниците ги соопшти Патриција Алдана, претседателката на жирито во март оваа година.

Признанието за најдобар илустратор на детски книги му беше доделено на Игор Олејников од Русија

Наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ е највисокото меѓународно признание што се доделува од страна на Меѓународниот одбор за книги за млади (International Board on Books for Young People – IBBY) на еден жив автор и еден жив илустратор на детски книги, за нивниот континуиран придонес кон детската книжевност. „Андерсеновата награда“, што се нарекува уште и Нобелова награда за детска книжевност, е воспоставена во 1956 година – за автори на детски книги, а во 1966 година е воведена и наградата за илустратори. Дел од најубавите детски книги на сите времиња напишани од добитници на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ можат да се најдат на македонски јазик во книжарниците на „Литература.мк“ (на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ и во „Скопје сити мол“), а достапни се и за нарачка на http://www.literatura.mk. Ви претставуваме избор од седум книги – добитници на „Андерсенова награда“, за незаборавно летување на младите вљубеници во книгата.

1. „Ноќните птици“ – Тормод Хауген (над 8 години)
Во светот на осумгодишниот Јоаким постојат огромен број грижи – особено ноќе! Кога оди в кревет, Јоаким го заклучува плакарот за да ги задржи во него ужасните, црни ноќни птици – кои, всушност, се само плод на неговата имагинација. Татко му е без работа и закрепнува од нервен слом, а мошне често Јоаким ја чувствува тензијата и тагата што се испречила помеѓу неговите родители. Но, постојат и прекрасни моменти кога сѐ е совршено: долги прошетки на дождот со родителите, специјалните вечери што ги приготвува татко му и секако – Мај, девојчето од другата страна на улицата. Но, ноќите ќе бидат исполнети со ужас се додека Јоаким не најде начин да ги победи ноќните птици.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

2. „Островот на сините делфини“ – Скот О’Дел (над 10 години)
Далеку од брегот на Калифорнија се издигнува една груба карпа позната како островот Сан Николас. Сините делфини плискаат во водата околу него, морските видри си играат во појасите од алги и морските птици си лежат на карпите. Некогаш, на островот живееле и Индијанците – сè додека еден ден не решиле да заминат и да испловат на исток. Зад нив останала една млада девојка. Таа девојка е Карана. Од година во година, го чека бродот да се врати. Но, никогаш не се враќа. Најпосле, сфаќа дека мора да донесе судбоносна одлука: да тргне по нив сама или да остане сама на островот до крајот на животот. Островот на сините делфини е добитник на медалот „Њубери“ во 1961 година. Скот О’Дел e добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1972 година.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

3. „Јип и Јанеке“ – Ани М. Г. Шмит (над 5 години)
„Јип и Јанеке“, креирани од холандската авторка Ани М. Г. Шмит, се најпознатите и најомилените холандски детски ликови, кои дури си го најдоа местото и на листата на „пет типично холандски феномени“. Приказните за овие две деца од претшколска возраст кои повеќе од педесет години ги освојуваат срцата на младата читателска публика ширум светот, се крајно духовити, пишувани со едноставен јазик и карактеристична смисла за хумор. Надополнети со оригиналните црно-бели илустрации на Фип Вестендорп, книгите за Јип и Јанеке влегуваат на листата на најдобрите детски книги на сите времиња. Јип и Јанеке се најдобри другари. Тие играат заедно, се смеат, често се караат, прават палавштини и запаѓаат во неволи, чуваат кучиња и мачиња и, како и сите други деца, јадат многу слатки. Со нивните безвременски авантури, придружувани со многу смеа и солзи, децата од предучилишна возраст и ден-денес лесно можат да се идентификуваат.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

4.  „Патешествијата на Сибрен од улицата Пеперминт“ – Мајндерт Де Јонг (над 8 години)
„Патешествијата на Сибрен од улицата Пеперминт“ на Мајндерт Де Јонг, американски писател со холандско потекло, е топла приказна сместена во Холандија на почетокот на XX век, што на многу прониклив и срдечен начин ги опишува моментите на зачуденост, радост, храброст и страв кај малиот Сибрен, кој тргнува на ноќно патување кај тетка си заедно со дедо си. На Сибрен не му се веруваа дека оди со својот дедо накај својата тетка Хинка – и тоа во темница! И нешто чудно или страшно или ново се случува секоја минута. Кога тој и дедо му доаѓаат до мочуриштето, тоа целото буи од живот – илјадници светулки непрестајно прелетуваат во ноќта и крекаат жаби. Но, дедо му му вели дека мочуриштето е опасно – дека не смеат да скршнат од патот – и одеднаш дедо му паѓа во мочуриштето! За среќа, тетка му Хинка пристига точно навреме за да ги спаси со чамчето!
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

5. „Кога светот беше млад“ – Јирг Шубигер (над 9 години)
„Кога светот беше млад“ е збирка на крајно оригинални бајковито-филозофски приказни на швајцарскиот психотерапевт и автор на книги за деца Јирг Шубигер, кој, покрај Андерсеновата награда, е добитник и на Германската награда за литература за млади (Deutscher Jugendliteraturpreis). Во овие приказни, што со својата слоевитост и духовитост ги анимираат и децата и возрасните, секојдневните предмети, растенијата и животните се здобиваат со сосема нови значења, надминувајќи ја границата во светот на фантастичното и менувајќи го нашиот светоглед. Полни со непостојни нешта и невозможни заплети, духовитите приказни на Шубигер постојано го изненадуваат и го замислуваат читателот. Затоа што, кога светот беше млад, градовите патуваа, камилите зборуваа, ѕвездите се вљубуваа во луѓето и се спуштаа од небото долу на земјата… Се случуваше и самиот ѓавол да седне во училишна клупа, а кога смртта ќе дојдеше по некого, умееше и да му прости.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

6.„Главниот куклар“ – Кетрин Патерсон (над 12 години)
„Главниот куклар“ е роман на една од најпознатите американски писателки за деца и млади, Кетрин Патерсон. Патерсон е добитничка на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“, на меморијалната награда „Астрид Линдгрен“, како и двојна добитничка на наградата „Њубери“, најзначајната американска награда за книжевност за деца и млади. „Главниот куклар“ е роман историски сместен во Осака, Јапонија, во 18 век, во периодот кога владее голем глад. Покрај тоа, книгата е фасцинантен приказ на комплексната уметност на Бунраку – јапонскиот куклен театар: начинот на кој операторите управуваат со куклите, главните ликови, темите и структурата на традиционалните јапонски драми Бунраку. Но, иако романот има своја историска основа во јапонската историја и традиција, главен двигател на приказната е робинхудовската нишка што ја дава таинствениот лик Сабуро – бандитот кој ги ограбува богатите за да им помогне на гладните и сиромашни жители на Осака. Но, кој е човекот познат како Сабуро? И која е неговата врска со Јошида, грубиот и темпераментен господар на најпознатиот куклен театар во феудална Јапонија? Младиот Џиро, чирак кај Јошида, е решен да дознае дури и по цена на сопствениот живот.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

7. „Морибито. Чувар на духот“ – Нахоко Уехаши (над 12 години)
„Морибито: чувар на духот“ на Нахоко Уехаши, јапонска авторка на романи од жанрот фантастика, е првиот роман од серијата „Морибито“, што е подоцна адаптирана и за радио, за ТВ како јапонска аниме-серија и во манга-стрип. Во светот што е поделен на две рамнини, две царства – Сагу, видливиот свет на луѓето, и Најугу – невидливиот свет на духовите, се сретнуваме со Балса, вешта копјаничка и телохранител. Откако случајно ќе го спаси принцот Чагум од сигурна смрт, нејзината судбина ќе се промени. Таткото на Чагум, микадото (божествениот владетел на земјата Ново Јого), е оној што ја нарачал неговата смрт, па Балса станува телохранител на Чагум и поаѓа со него на едно тешко и погубно патување. Додека патуваат низ земјата Јого, тие ја откриваат мистериозната поврзаност на Чагум со еден легендарен воден дух…
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

One thought on “Незаборавно летување со книгите – добитници на „Андерсенова награда“

  1. Пингување: Во светот на бајките на Ханс Кристијан Андерсен | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.