Нов летен бран книги за на плажа

Одморот е поубав кога ќе ти се погоди романот. Во морето од книги ви нудиме наслови што ќе ве однесат на нови, незаборавни литературни патувања. По книжевните освежувања од јуни, јули го почнуваме со нов бран со книги за ова лето. Ви претставуваме листа со  книги со кои одморот ќе ви биде поубав. Уживајте со добра книга на плажа!

1. „Светот на рамена“ од Џенифер Нивен
Сите мислат дека знаат сè за Либи Страут, но никој никогаш не се обидел да погледне подлабоко во неа и вистински да ја запознае. По ненадејната смрт на нејзината мајка, Либи се затвора дома, но сега таа е подготвена: за средното училиште, за новите пријатели, за љубовта и за секоја можност што ѝ ја нуди животот. Сакам да бидам девојката која може да стори сè. Исто така, сите мислат дека знаат сè за Џек Маселин. Да, тој е секси и фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата самодоверба, тој крие тајна што мора да ја чува во себе по секоја цена. Биди шармантен. Биди проклето пресмешен. Не зближувај се со никого. Тогаш Џек ја запознава Либи. И нивните светови се менуваат. Затоа што понекогаш, кога ќе запознаете некого, целиот свет доаѓа во фокус. Џенифер Нивен ни дава уште една потресна и возбудлива љубовна приказна за пронаоѓањето токму на онаа личност што ве гледа и ве сака такви какви што сте.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

2. „Биди со мене“ од Џенифер Л. Арментраут
Дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно или животот има друг план? Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ѝ, но тој не зборува со неа откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш. Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ! А можеби ќе има и шанса да го убеди Џејс дека тоа што постои меѓу нив е она вистинското. Џејс крие огромна тајна што не ја кажува никому – особено не на Тереза. Иако тие се бакнаа – со најжешкиот бакнеж во неговиот живот – тој знае дека мора да им даде приоритет на други нешта. И нема време за врска. Но, постојано мисли само на бакнувањето со девојката која може да му уништи сè.
Сепак, Џејс и Тереза веќе не можат да ги негираат чувствата што ги имаат еден за друг. Но, опасноста демне и се случува трагедија. Додека кампусот закрепнува од страшната случка, судбоносно вљубениот пар мора да одлучи што се подготвени да ризикуваат за да бидат заедно и дали се подготвени да го изгубат тоа доколку не успее врската…
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

3. „Љубопитникот“ од Ханс Ерих Носак
Осаменоста во гранична ситуација, потрагата по вистинското, автентично „јас“ и смртта се трите главни теми во творештвото на германскиот писател Ханс Ерих Носак, добитникот на книжевната награда „Бихнер“ за 1961 година. „Љубопитникот“ е еден подолг расказ што на извонреден начин претставува пресек на трите главни теми околу кои се одвива творештвото на Носак. Станува збор на внатрешен монолог на една свест најпрвин ставена во форма и тело на риба, која постепено, со посредство и благодарение на искуството, еволуира – во водоземец и неговата свест. „Ништото“ на Носак не е побивање на постоењето, туку сè уште неоткриена територија, зачекорување во непознатото и претходно забрануваното и табуизираното, макар да се работи и за еден единствен чекор.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

4. „Ракија: проза од Банат“ од Матеј Хоржава
Романија. Банат. Живописни планини што се протегаат над Дунав. Село во кои Чесите живеат повеќе од два века. Свет во кој стои времето. Млад учител од Моравија доаѓа во едно од овие села. Тој доаѓа за да заборави. Но, секојдневната реалност на руралниот живот и срамежливите обиди да се интегрира во ова затворено општество се надвиснати од интензивните сеќавања. Во мир и изолација, среде опојните убавини на Банат, како секоја мала работа да сака да го потсети на детството, горчливите години во гимназијата, загубените љубовници, патувањата, бегствата… Младиот автор Матеј Хоржава ни претставува медитативна, автобиографска и стилистичко значајна проза што во 2015 година се закити со престижната чешка литературна награда „Магнезија Литера“ во категоријата за дебитант на годината.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

5. „Виор од лисје“- Габриел Гарсија Маркес
Низ малото гратче Макондо минува вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава, при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање. Во оваа уништена и бездушна пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук, неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што починал, незгрижен и заборавен.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

6. „Исповеди“ – Колин Хувер
Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите. На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ù е важно.
Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри. Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ù е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе. За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

7. „Одвеано од виорот“- Маргарет Мичел
Приказната на оваа историска романса е сместена во округот Клејтон и во Атланта, Џорџија, за време на Американската граѓанска војна и подоцнежниот период на Реконструкција, а е раскажан од гледна точка на робовладетели на плантажа на американскиот Југ. Иако за Американската граѓанска војна и за нејзините последици се напишани многу романи, ниту еден од нив не го воведува читателот во историјата на Југот и во трагедијата на војната на начин како што тоа го прави Одвеано од виорот. Преку судбините на двата главни лика, своеглавата и неодолива Скарлет О’Хара и шарамантниот и презрен Рет Батлер, Мичел напиша безвременска приказна за опстанокот во најтешките услови и ги создаде едни од најпознатите љубовници на сите времиња. Истоимената филмска верзија со Вивиен Ли и Кларк Гејбл во главните улоги, која исто така ќе доживее огромен успех и ќе стане еден од најпопуларните филмови на сите времиња, е снимена само три години подоцна и во 1940 година добива дури осум ,,Оскари’’.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

8. „Најмал отпор“ од Ада Дјоруп

Романот „Најмал отпор“ дава прониклив поглед врз една значајна година од животот на една млада жена. Ема решава да плови кон нови насоки во животот, предавајќи се на неговите сили и текови. Кога нејзината баба умира, таа како наследство ѝ остава прекрасна летна куќа. Ема одлучува да ја посети куќата заедно со урната во која се наоѓаат кремираните остатоци од нејзината баба. На патот кон летната куќа таа се запознава со богат пар, кој, исто како неа, скита низ животот. Таа ги кани во летната куќа на баба ѝ. Набрзо потоа Ема дознава дека е бремена, но она што не го знае е дали таткото на детето е богаташот или нејзиниот сопруг, кој моментално е во Австралија. Главната карактеристика на романот е јазикот: без оглед дали се зборува за полесните или за потешките аспекти на животот, сè е кажано низ несентиментален, природен и рефлективен тон. Иронијата и интелектуалната рефлексија во романот потсетуваат на големите европски автори од раниот 20 век, но сето тоа е проткаено со младешкиот игрив стил на авторката.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

9. „Лето кон крајот на векот“ од Фабио Џеда
Во „Лето кон крајот на векот“, Џеда говори за детството и за староста, за повторното зближување и за сеќавањата. Во последното лето на 20 век, внукот се среќава со дедото по првпат откако ги оддалечуваат семејните недоразбирања. Дедото, Евреин, сè уште живее под бремето на фашизмот и на Втората светска војна, поминувајќи ги своите последни денови во мало планинско село во кое неговото семејство се криело за време на војната, решен да си го одземе животот. Внукот, екстровертен тинејџер, е назначен да го чува, затоа што татко му мора да оди на деликатна операција. На бреговите на вештачкото езеро, каде што селото се огледува во водата, тој е инициран во животот за да му помогне. Романот на Фабио Џеда е приказна што е раскажана во два гласа, тој на дедото и тој на внукот. Невиниот свет на младоста се среќава со старата слика во прегратка меѓу почетокот и крајот на животот.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

10. „Сите светли точки“ од Џенифер Нивен
Омилениот бестселер на „Њујорк тајмс“ што „Ентертејнмент викли“ го опиша како „блескав роман што ќе ви влезе под кожа“. Долго ќе ја паметите оваа трогателна и непоколеблива приказна за љубовта, животот и двајцата тинејџери што ќе се најдат на еден раб. Теодор Финч е опседнат со смртта. Секој ден смислува нови начини на кои би можел да се убие, но исто така секој ден истражува и успева да најде нешто што ќе го задржи овде, буден и жив. Вајолет Марки живее за иднината, броејќи ги деновите до матура, кога конечно ќе може да побегне подалеку од малечкото гратче во Индијана и болката што ја измачува по смртта на сестра ѝ. Кога Финч и Вајолет ќе се сретнат на врвот на училишната камбанарија – шест ката од земјата, нејасно е кој кого го спасува. Финч само со Вајолет може да биде таков каков што навистина е, а Вајолет само со Финч заборава на броењето денови и почнува да ги живее. Но, како што светот на Вајолет расте и се шири, светот на Финч почнува да се смалува и да станува потесен…
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.