(ФОТО) Промовирана книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов

Книгата посветена на лековитите билки и нивната примена кај нас, „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, беше промовирана вчеравечер (3 јули) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 129 лековити билки што растат во нашата земја, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Понудени се и 60 рецепти за природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.

Промотор на книгата беше д-р Ненад Златановиќ, кој пред многубројните гости во „Литература.мк“ истакна дека „Македонска традиционална медицина“ од авторот Драган Јованов претставува уникатно дело во македонската фитологија, што ги обединува мудроста на нашите предци во лекувањето на различни заболувања и современите стручни сознанија од областа на фитологијата и фитотерапијата.
– Спојот на традиционалното и современото ја прави книгата особена. Авторот внимателно ги комбинира традиционалните искуства во алтернативниот третман на различни заболувања со најновите сознанија за примената на растенијата во современата медицина. На овој начин дава сосема нова димензија на традиционалното лекување, ослободувајќи го од сомнежот на мистичното и давајќи му научна легитимност. Книгата претставува огромен придонес во стручната литература од областа на фитологијата на македонски јазик. Претставува исклучителен извор на информации, како за стручната јавност, така и за сите оние што би сакале на грижата за своето здравје да ѝ дадат една нова димензија – рече д-р Ненад Златановиќ.

Книгата „Македонска традиционална медицина“ е поделена на три дела. Првиот дел е историски, со податоци како се лекувале Македонците во минатото на традиционален начин. Вториот дел е посветен на лековити растенија, а третиот на традиционални билни рецепти. Пораката е да се вратиме на дарот што ни го дала природата, за да го зачуваме нашето здравје.
Авторот Драган Јованов изјави дека мисијата и идејата зад книгата е да им помогне на луѓето во Македонија на природен начин да го зачуваат своето здравје.
– Објавата на книгата е историски момент за мене, како автор и истражувач, но и за фитологијата кај нас, бидејќи вакво дело досега немаше кај нас. Македонската традиционална медицина постои со векови наназад, но немаше многу научни публикации и истражувања. Со лековити растенија се занимавам од 2009 година, со желба, да најдам начин со нив да им помогнам на луѓето. Таа година ја изгубив својата мајка, па разочаран од класичната медицина, почнав да се интересирам за фитомедицина, односно традиционалната медицина. Ние сме земја што изобилува со преку 4.000 илјади лековити растенија, од кои сто се автохтони лековити растенија што ги нема никаде во светот, само во Македонија. Книгата ја работев неколку години, во однос за собирање податоци и записи за историскиот дел за како се лекувале Македонците низ историјата. Во неа е поместена богата листа на лековити билки и традиционални препарати. Меѓу нив има и лековити билни препарати од моите предци и од мојата фамилија, како и од моето децениско усовршување и работа во областа. Книгата ги дава контурите на многу начини за користење на растенијата во полезен и практичен формат. Билките можат да се користат за тонизирање, лекување и превенција. Медицината базирана на билки треба да се сфаќа како грижа за себеси. Таа ни овозможува разбирање за поврзаноста помеѓу нас самите, нашата околина и другите – изјави тој.

Авторот Драган Јованов е роден во 1986 година во Скопје. Магистрирал на Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје), а ги привршува и докторските студии на Аграрниот универзитет во Пловдив, Република Бугарија. Три години по ред (од 2015 до 2017 година) е добитник на признание за најдобар млад научник во областа на фитомедицината на Европскиот мултидисциплинарен конгрес, што се одржува во Нови Сад, Република Србија. Работи како асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ Универзитетот во Скопје. Автор е на учебници, прирачници, атласи, како и низа стручни трудови. Важи за еден од најдобрите млади експерти на Балканот за фитологија, фитотерапија, хербализам и земјоделски науки и храна. Од 2017 година е именуван како посебен советник за екологија и просторно планирање на Претседателот на Владата на РМ.


Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.