Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“, што ќе се одржи денеска (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе бидат одбележани два значајни јубилеи на славниот поет Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неговата смрт.
Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички што Рацин ги испраќал до Раца, искажувајќи ја својата младешка љубов. Тие ќе можат и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски.
На платото пред НУБ од 20 часот ќе се одржи и музички перформанс на Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда“) и проекција на документарниот филм „Бели мугри“.