Интервју со Драган Јованов, автор на книгата „Македонска традиционална медицина“

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана на 3 јули (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Изданието содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.

Авторот Драган Јованов (р. 1986) има магистрирано на Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје), а ги привршува и докторските студии на Аграрниот универзитет во Пловдив, Република Бугарија. Три години по ред (од 2015 до 2017 г.) е добитник на признание за најдобар млад научник во областа на фитомедицината на Европскиот мултидисциплинарен конгрес, што се одржува во Нови Сад, Република Србија. Работи како асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ Универзитетот во Скопје, каде што предава повеќе предмети. Автор е на учебници, прирачници, атласи, како и на низа стручни трудови. Важи за еден од најдобрите млади експерти на Балканот за фитологија, фитотерапија, хербализам и земјоделски науки и храна. Од 2017 година е именуван како посебен советник за екологија и просторно планирање на Претседателот на Владата на РМ.

* Својата мисија за подобрување на здравјето на луѓето со употреба на традиционалната медицина со години ја пренесувате преку трибини, предавања, работилници, настапи во медиумите, колумни, а сега и преку новата книга „Македонска традиционална медицина“. Како се разви идејата за книгата?
– Идејата се разви со цел да им помогне на луѓето во Македонија на природен начин да го зачуваат своето здравје. Како што секоја земја има своја традиција како да се зачува здравјето, односно да сме во добра здравствена кондиција, така и на нашата земја и требаше вакво дело, да знаеме како се лекувале нашите предци и како да си помогнеме денес.

* Во книгата ги комбинирате традиционалната примена на билките и најновите сознанија за нивна употреба во современата медицина… Со неколку реченици, можете ли да ни опишете што сè содржи книгата и која е нејзината главна порака?
– Книгата е поделена на три дела. Првиот дел е историски, со податоци како се лекувале Македонците во минатото на традиционален начин. Вториот дел е посветен на лековити растенија, а третиот на традиционални билни рецепти. Пораката е да се вратиме на дарот што ни го дала природата, за да го зачуваме нашето здравје.

* Книгата има важна етнолошка димензија, во насока на презервација и промоција на македонското традиционално богатство. Колку време Ви беше потребно и како течеше процесот на собирање податоци, записи и сведоштва за употребата на билките при лекување на овие простори? Кои се најинтересните документи и откритија до кои дојдовте?
– Книгата ја работев неколку години во однос за собирање податоци и записи за историскиот дел за како се лекувале Македонците низ историјата. За мене, сите документи и откритија се интересни, не можам да одвојам нешто, бидејќи ние како држава имаме богата историска ризница во секој поглед.

* Од колено на колено се пренесувале рецепти за чаеви, масти, намази и „иљачи“ од растенија против разни болки и маки… Како се лекувале Македонците во минатото? Дали има зачувани документи за лекарства што биле користени или препорачувани во минатото?
– Има многу документи што се зачувани за тоа како се лекувале Македонците низ историјата. Првите познати лекарственици на македонските простори биле главно преведени од грчки јазик, но речиси во сите подоцнежни преписи обично биле вметнувани и искуства со разни рецепти за начинот на лекувањето од македонската народна медицина, заедно со верувањата и митолошките претстави од народната традиција. Лекарствениците биле ширени со разни преписи, дополнувања и преработки и се чувале како светост од страна на разни народни лечители или свештени лица. Во лекарствениците на македонските простори најчесто биле користени византиските обрасци распространети по разните македонски манастири.

* Велите дека голем дел од билките се користат со генерации во вашето семејство. Кои се Вашите најрани сеќавања за лековитите билки? Кои се првите билки со кои се запознавте подобро?
– Моите најрани сеќавања за лековитите билки датираат од раното детство. Првите билки со кои добро се запознав беа камилицата, мајчината душица, нането, планинскиот чај и други.

* Од богата листа на лековити билки што растат кај нас, според Вас, кои се важни и кои ќе бидат употребувани понатаму?
– Ние сме земја што изобилува со преку 4.000 илјади лековити растенија, од кои сто се автохтони лековити растенија што ги нема никаде во светот, само во Македонија. Треба да се употребуваат камилицата, нането, мајчината душица, планинскиот чај, како превентива и за лекување зависно од потребите.

* Кои се најважните совети што ги давате при употреба на билките и дали Вие ги имате пробано сите рецепти што ги споделувате во книгата?
– Најважните совети што ги давам се да се консумираат лековитите растенија барем двапати неделно како превентива за да имаме добра здравствена кондиција или, доколку се работи за некој сериозен здравствен проблем, да се придржуваат целосно кон програмата за лекување со билки. Јас, како автор на книгата и сѐ што досега сум работел, ги имам испробано сите лековити рецепти и научно истражувано.

* Лекувањето со билки се смета за само една од многуте алтернативни терапии. Но, вие сметате дека тоа е многу повеќе… Кои се заклучоците од Вашето досегашно истражување на оваа тема?
– Заклучоците од моите истражувања на оваа тема се дека се потценува природниот начин на лекување, а тоа е грешка. Лекувањето со билки можеби бара трпение, но за долг рок, придобивката кон здравјето е одличен.

* Во земји како што се Кина и Индија лековитите билки сè уште имаат широка употреба. И во фармацевтската индустрија многубројни лекови се базираат растенија…. Имате ли податоци во светски рамки и кај нас колку билките наоѓаат примена во алтернативната медицина, во која фаза од лекувањето и колку се случаите за конечно излекување?
– Билките наоѓаат примена секогаш, поголем дел и од лековите во својот состав имаат некоја билка. Можат да се применат и во лесни и во тешки фази на лекување, секогаш има придобивка до конечно излекување.

* Како и кога се разви вашиот интерес за билките. Што беше клучно да се одлучите да специјализирате во областа на фитомедицината?
– Уште како студент бев посветен на агроекологијата, на фитомедицината, фитологијата. Но, клучната одлука беше тоа што класичната медицина не успеа да им помогне на мои блиски луѓе, кои ги изгубив засекогаш.

* Колку фитомедицината е позната кај нас и развиена во споредба со регионот, Европа и светот? Има ли можност за академска размена на сознанија/откритија?
– Фитомедицината кај нас, во споредба со регионот не е многу позната, бидејќи ја мешаат со алтернативна медицина. Тоа е погрешно. Фитомедицината е дел од медицинската практика, што се базира на превентива и лекување со билки што се признати од медицината или научно докажани преку публикации, лабораторија, пациенти и др. Кај нас има можност за размена на сознанија преку Фармацевтскиот универзитет, Факултетот за земјоделски науки и храна и Природно-математичкиот факултет.

* Кои се најзначајните моменти од Вашата богата биографија? Со кои постигнувања, дипломи, објави, предавања и успеси посебно се гордеете?
– Како и секогаш сум скромен. Најмногу се гордеам што сум избран три години по ред за најдобар млад научник на Европскиот мултидисциплинарен конгрес, што се одржува во Нови Сад, Република Србија.

* Во моментов сте советник во Владата на Р. Македонија. Во која насока се Вашите стручни совети и кои се Вашите задолженија?
– Моите задолженија се стручни совети како да управуваме и како да ја заштитиме животната средина.

* На 3 јули (вторник) во книжарницата „Литература.мк“ ќе биде претставена новата книга. Пред промоцијата, која е Вашата порака до читателите, што да очекуваат од „Македонска традиционална медицина“?
– Да очекуваат нешто големо, нешто историско, нешто што сме го немале досега. Нешто што ќе им помогне да си го зачуваат своето здравје и нешто што можеме да се претставиме пред светот со нашата богата традиција.

Разговараше: Ана Несторовска-Саздовска

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.