Првото издание на книгата на Џон Џејмс Одубон, „Птиците на Америка“, е продадено на аукција во Њујорк за 9,65 милиони долари, соопшти аукциската куќа „Кристи“.
Богато илустрираната книга од 19 век, што содржи повеќе од четиристотини рачно изработени илустрации на птици во природна величина, е само една од 13 комплетни книги за кои се верува дека се останати во приватни раце.
„Кристи“ ја опишува книгата како една од најдобрите копии во приватни раце со најдобри илустрации во боја.
Книгата ја платил купувач кој сакал да остане анонимен.
Инаку, ова е втората најголема цена за оваа книга. Претходно, книгата „Птиците на Америка“ е продадена во 2010 година за 10,27 милиони долари.
Џон Џејмс Одубон е орнитолог и сликар кој со „Птиците на Америка“ објавена првпат во делови во 1827 година и 1838 година, се обидува да ги открие и да ги наслика сите видови птици во Северна Америка. И тој негов труд, по речиси два века е награден со милионски суми за неговите изданија.