Осум наслови што книжевните клубови на холивудските ѕвезди ги читаат ова лето

Повеќето веројатно веќе имаат слушнато за книжевниот клуб за читање на ТВ-водителката и активистка Опра Винфри. Уште од 1998 година таа во своето ток-шоу промовира наслови, што, благодарение на нејзиното влијание, стануваат хит меѓу читателите. Изминативе години Опра не е единствена славна промоторка на читањето. Свои клубови за книги имаат и други холивудски ѕвезди како Рис Витерспун (Hello Sunshine) и Ема Вотсон (Our Shared Shelf on Goodreads). Тие ги споделуваат своите фаворити на социјалните мрежи. Повеќето од овие клубови се фокусираат на книги напишани од жени или, пак, се посветени на женските прашања. Сајтот „Бастл.ком“ (bustle.com) деновиве објави листа со осум интересни наслови што холивудските ѕвезди-библиофили ги читаат ова лето. Покрај Винфри, Витерспун и Вотсон, меѓу нив се и актерките Сара Џесика Паркер и Ема Робертс и пејачката Флоренс Велч. Својот избор најчесто го споделуваат на своите профили на Инстаграм.

Рис Витерспун чита: „Нешто во водата“ од Кетрин Стедмeн
(„Something In The Water“ by Catherine Steadman)

Рис Витерспун и нејзиниот клуб „Хелоу саншајн“ (Hello Sunshine) ова лето „ќе нурнат“ во „Нешто во водата“ од Кетрин Стедмeн. Овој трилер ја следи Ерин и нејзиниот сопруг Марк на нивниот меден месец во Бора Бора. Додека нуркаат во кристално синото море, тие наоѓаат нешто во водата. Одеднаш младенците мораат да направат опасен избор: да кажат или да ја заштитат нивната тајна. И нивната одлука ќе предизвика разурнувачка линија на настани.

Опра Винфри чита: „Сонцето свети“ од Ентони Реј Хинтон
(„The Sun Does Shine“ by Anthony Ray Hinton)

Клубот на читатели на Опра Винфри ги чита мемоарите на Ентони Реј Хинтон „Сонцето свети“. Во 1985 година, Хинтон беше обвинет за две точки од обвинението за убиство во главниот град во Алабама. Тој знаеше дека тоа е случај на погрешен идентитет, но со поинаков систем на правда за сиромашите Афроамериканци од југот, Хинтон беше осуден на смрт. Во следните 27 години тој стана светилник – трансформирајќи не само својот сопствен дух туку и на неговите колеги-затвореници – пред да го ослободат во 2015 година.

Ема Вoтсон чита:
 „Омразата што ја даваш“ од Енџи Томас
(„The Hate U Give“ by Angie Thomas)

Преку клубот „Нашата заедничка полица“ Ема Вотсон сподели дека периодов го чита пионерскиот роман на Енџи Томас – „Омразата што ја даваш“. Книгата го следи Стар Картер, која била единствениот сведок кога нејзиниот невооружен најдобар пријател Калил бил убиен од полициски службеник. Додека се обидува да го премости јазот меѓу нејзиното отмено училиште и сиромашната населба во која живее, Стар исто така го чувствува притисокот да открие што тргна наопаку таа вечер, додека медиумите го претставуваат Халил во негативец, а луѓето излегуваат да протестираат на улиците.

„Радиум девојки“ од Кејт Мур
(„The Radium Girls“ by Kate Moore)

Вториот јунски избор на Ема Вотсон е „Радиум девојки“ од Кејт Мур. Оваа книга ја раскажува приказната за жените кои работеле во фабриките, каде што се работело со радиум за време на Првата светска војна и кои мистериозно заболеле. Она што следува е приказната за еден од најголемите скандали за работничките права на почетокот на 20 век во САД.

 

Ема Робертс чита: „Добре дојдовте во Лагос“ од Чибунду Онузо
(„Welcome To Lagos“ by Chibundu Onuzo)

Книжевниот кружок на Ема Робертс (Belletrist book club) летово ја препорачува книгата „Добре дојдовте во Лагос“ од Чибунду Онузо. Длабоко во делницата на Нигер, офицерот Чике Амеоби ја напушта армијата и тргнува на патот кон Лагос. Наскоро му се придружува една наивна и ранлива млада жена-бегалка од средната класа. Споделените цели на овој навидум различен тандем се едноставни, но сложени: слобода и нов живот.

Флоренс Велч чита: „За боксувањето“ од Џојс Керол Оутс
(„On Boxing“ by Joyce Carol Oates)

Читачкиот клуб на пејачката Флоренс Велч (Florence & The Machine), наречен „Помеѓу две книги“ (Between Two Books), ова лето се посветува на старата книжевна школа. Главниот избор е насловот „За боксувањето“ од Џојс Керол Оутс. Ова издание од 1987 година содржи класична колекција на есеи посветени на боксот. Но, таа го користи спортот за да ја истражи машкоста и насилството и да ги истражи прашањата за расата, сиромаштијата и спортистите како забава.

Сара Џесика Паркер чита: „Анатомија на чудото“ од Џонатан Мајлс
(„Anatomy Of A Miracle“ by Jonathan Miles)

Со својот клуб во соработка со Американската асоцијација на библиотеки ѕвездата на „Сексот и градот“ ова лето ја препорачува книгата „Анатомија на чудото“ од Џонатан Мајлс. По низа трауматични настани главниот лик – Камерон Харис живее со својата сестра во соседството Билокси, Мисисипи. Но, едно попладне Камерон одеднаш и необјасниво се крева од својата инвалидска количка. Како последица на ова „чудо“, Камерон станува славна личност во центарот на спорната дебата за тоа што се случува.

„Место за нас“ од Фатима Фархен Мирза
(„A Place For Us“ by Fatima Farheen Mirza)

Книгата „Место за нас“ од Фатима Фархен Мирза, што е во издание на импринтот на Паркет со „Хогарт“, се очекува да биде еден од најголемите летни хитови. Романот го следи животот на индиско-американско муслиманско семејство ќе се собира да ја прослави свадбата на најстарата ќерка, Хадија. На прославата излегуваат на виделина сите немири проблеми меѓу децата и родителите.

Извор: www.bustle.com

* Дали вие сте член на некој клуб на читатели? Колку ги следите кубовите на „Фејсбук“? Запознаени ли сте со еден од најпосетените македонски клубови на пријатели на пишаниот збор: „Чувари на книгата“? Проверете го ова литературно катче.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.