Тереза може да „прочита“ книга од 400 страници за само неколку минути
Тереза е менаџер за развој на бизнис и живее во Берлин, Германија. Минатиот месец успеала да прочита повеќе од сто наслови поврзани со психологијата, политиката и лидерството. Сè почна со обложување со колега, кој ја предизвикал дека за два часа може да ја прочита книгата на Малком Гладвела – „Приказната за успехот“. Ова обложување таа го изгубила, бидејќи не можела да ја прочита книгата во предвидените два часа, а сепак добила брилијантна идеја.
Следниот чекор на Тереза бил наоѓање сајтови, блогови и апликации што книгите ги „собираат“ во помала содржина. Одбрала апликација што нуди сиже на содржината што најмногу ја интересира неа. За да направи квалитетен увид во секоја книга, Тереза ја презела апликацијата на која секој ден работат повеќе од сто експерти за книжевност. Таа исто така ја користела и аудиофункцијата што ѝ овозможила да ги „слуша“ книгите во текот на денот.
Според таа поставена подлога, Тереза си поставила нова цел, да ја прочита скратената содржина на стоте книги за само еден месец и еве што вели за овој свој подвиг:
„За еден месец прочитав 102 наслова. Можеби звучи многу, но пакетот на апликацијата бара само 10 до 15 минути читање. Читав по три наслови дневно и тоа најчесто по доаѓање од работа“, вели таа.
За време на овој предизвик Тереза читала различни жанрови, од документарни до фикции, а бидејќи ѝ било потребно помалку време, можела да избира содржина што ѝ го привлекувала вниманието.
„Би им го препорачала овој предизвик на сите. Премногу време поминував на ’Нетфликс‘ и на социјалните мрежи, сè додека не се впуштив во овој предизвик. Мојата работа е исцрпувачка, кога ќе ја завршам смената мозокот ми станува особено бескорисен. Меѓутоа, читањето книги на овој начин ми стана одмор за мозокот. Во овие изданија можам да прочитам книга од 400 страници за само неколку минути, а по читањето ми останува доволно време за сè – споделува Тереза.
Извор:
https://www.blinkist.com/magazine/posts/woman-reads-100-books-month