Денеска, 21 јуни, во 12 часот и 7 минути официјално почнува летото. Ова е најдолгиот ден во годината, што ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:12 часот… Пред нас е долго топло лето, што ќе трае до 22 септември. Покрај одморот на плажа или повремените дождливи периоди, освежување од летната жега можете да најдете и со новите книги од „Литература.мк“. Ви претставуваме листа со топ 10 наслови што ќе ја освежат вашата библиотека ова лето.
1.„Анаис од Монмартр“ + „Скоро парижанка“, од Јана Мишо
Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси. Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш. Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко.
Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз? Девојка во бајковита љубовна врска со Париз живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и со многу кафе. Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, ѝ се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи да се подбива со хероината. Ѝ подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала… одличен рецепт за активирање на еден куп мали проблеми.
Покрај романите „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“, ви го препорачуваме и прирачникот со дневник за патување од Јана Мишо „Како се оди во Париз“.
Книгите и прирачникот се достапни за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
2. „Бебето на Бриџит Џонс“ + комплет: серијалот „Бриџит Џонс“, Хелен Филдинг
Бриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс“. Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е кога сите отстрана ѝ велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди дете. По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена – но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што станува белег целата бременост е – кој е таткото? Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до солзи со сето она што ѝ се случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства.
Покрај „Бебето на Бриџит Џонс“, ви ги препорачуваме и трите претходни изданија од Хелен Филдинг: „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Бриџит Џонс: На работ на разумот“ и „Бриџит Џонс: Луда по него“.
Книгите се достапни за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
3.„П.С. Ми се допаѓаш“, Кејси Вест
Додека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно! Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг. Лили сфаќа дека почнува да се вљубува во пишувачот на писменцата. Само, кој е тој? Додека Лили се обидува да ја разоткрие мистеријата и истовремено се справува и со училиштето, пријателите, симпатиите и нејзиното откачено семејство, таа открива дека срцето понекогаш не избира во кого ќе се вљуби…
Кејси Вест внесува една неодолива духовитост, топлина и енергија во оваа забавна и весела приказна за љубов што се појавува тогаш и таму кога најмалку ја очекувате.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
4.„Сестрата“, Луиз Џенсен
По смртта на најдобрата пријателка Чарли, Грејс веќе не е иста. Ја прогонуваат последните зборови на Чарли, и во потрагата по одговори, отвора една нејзина кутија со спомени. Наскоро, открива дека има многу нешта што не ги знае за нејзината најдобра пријателка. Се појавуваат нови личности, нови приказни, нови верзии на настаните и веќе ништо не е како порано. Сите се однесуваат чудно, некој како да ја следи и Грејс веќе не знае што е вистина, а што фантазија. Колку што доаѓа поблиску до тоа да ја открие вистината, Грејс е во сè поголема опасност. Дали Грејс можеше да ја спаси Чарли? Или не? Возбудлив психолошки трилер со неочекуван пресврт, „Сестрата“ на Луиз Џенсен е добитник на одлични критики и е продаден во илјадници примероци.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
5.„Сѐ што чуваме“, Кери Лонсдејл
Ејми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена. Во обидот да си го обнови сопствениот живот, Ејми сè подлабоко се впушта во разоткривање на случката со исчезнувањето на Џејмс. Открива море од тајни што ја тера да се сомнева во сè што граделе заедно. Токму под површината се наоѓа вистината што може да ја ослободи Ејми… или да ја уништи засекогаш.
„Сè што чуваме“ е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
6.„Отчукувања“, Хавиер Руескас – Франсеск Миралјес
Добрата страна?! Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку HeartBits. 17:05
Лошата страна?! Не се сеќава на трите дена што ѝ претходат на несреќата. Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да ѝ пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборави… чувствува дека ѝ недостига воздух. 17:06
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
7.„Срце, глава, стомак“, Камило Кастело Бранко
„Срце, глава, стомак“ е сатирична романтична новела издадена во 1862 година. Раскажана е во прво лице од протагонистот Силвестре да Силва, кој на читателот му ги раскажува причините за своите љубовни неуспеси и радости во тогаш современиот Лисабон. Поделена е на три дела: во „Срце“, Силвестре е постојано вљубен, но несреќно, па негова единствена цел и фрустрација е да ја пронајде совршената жена. Гневен, преоѓа во вториот дел „Глава“, каде што материјално гледа на љубовта и го негира сето тоа што му се чини неправилно во тогашното општество, така што во еден весник од Порто завршува здобивајќи се со фама на клеветник.
Во третиот дел од неговиот живот му се предава на „Стомакот“ и живее селски живот со мигови на мир и задоволство: се спојува со Томасија, ќерка на генерал-мајорот од Соутело, и добива богата женидба исполнета со прекрасни јадења, далеку од разочарувањата на главата и срцето. Во ова дело можеме да најдеме од сè по нешто: значителна социолошка критика, сатира за португалските обичаи и, пред сè, литературно изложување на најпрефинетиот хумор на Камило Кастело Бранко. Наративот во ова дело е металингвистички, додека, пак, содржината е автобиографска: Силвестре ни открива зошто ја има напишано оваа книга – објаснува како се обидел да го искористи животот така што од него да добие најголема сатисфакција.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
8.„Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“, Владимир Плавевски
За жал, или за среќа, ќе рече авторот, Ново маало сè уште постои и е речиси исто и непроменето како и пред седумдесет години – времето кога расказите содржани во оваа книга биле реалност. Ново маало своевремено било центар на светот за новомаалците, микрокосмос од кој почнува и завршува сè. Таму се зборувал локален, маалски јазик и имал свое наречје, различно од тоа на соседните маала, поради што неретко луѓето не се разбирале меѓусебно. Маалската гордост ја чувале маалските банди, секогаш закрвени со тие отспротива. И покрај скудниот начин на живот, маалските улици ечеле од детскиот џагор и нивните необични игри. Во оваа збирка ќе ги прочитате носталгичните и емотивни реминисценции за едно одамна минато време и за едно невино детство изгубено во маалскиот амбиент.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
9.„Приказна за мустаќот“, Тахсин Јуџел
Главниот јунак во „Приказна за мустаќот“ од Тахсин Јуџел е токму еден исклучителен мустаќ што го обојува мирниот живот на едно турско гратче со години, еден мустаќ кој, според многумина, се одделува од неговиот сопственик и живее свој, посебен живот. Жителите на градот во него гледаат и обележје на нивното минато и светол знак на нивната иднина. Берберот кој се грижи за него секој ден го смета за сопствено ремек-дело; според девојките, тој навечер летнува и, влегувајќи низ отворените прозорци, ги посетува во нивните постели; а градскиот поет никако да ги најде вистинските зборови за да го опише и да го опее соодветно. Што се однесува до неговиот сопственик, како мустаќот станува сè пограндиозен, така тој станува сè поневидлив, понезабележлив, преминува во втор план. Ги губи речиси сите други својства и карактеристики освен онаа на носител на еден монументален мустаќ, дури и самата машкост, но, и покрај тоа, и тој самиот мустаќот го смета за најважен од сè. Единствениот отпор, единствениот противудар во однос на ова, според малкумина, замрачување на умот, доаѓа од неговата сопруга, но стигнува предоцна…
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.
10.„Приказната за ’Ербиенби‘“, Ли Галагер
Ова е извонредна приказна за создавањето и за развојот на „Ербиенби“, онлајн-платформа за изнајмување соби за престој, што денес е најголемиот провајдер на сместување ширум светот. На почетокот е само откачена идеја на соосновачите Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блечарзик, а сега е незаменлива алатка на милиони домаќини и патници. Уредничката на „Форчун“, Ли Галагер, ни го претставува зародишот на оваа идеја и срцевината на феноменот наречен „Ербиенби“ – успесите, но и контроверзиите – и нè води зад кулисите кога младите извршни директори се пробиваат низ неистражени територии што незапирливо се шират. „Динамично, забавно нурнувaње во една од најзнаменитите компании на нашето време. Преку бајката за ’Ербиенби‘, Ли Галагер ни покажува како споделувачката економија може да биде моторна сила за емоционално врзување – како и за општествено и бизнис раздрмување“, напиша Рана Форохар, колумнистка во „Фајненшал тајмс“ и глобален економски аналитичар за Си-ен-ен.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.