Алиша Кис и Ешли Џад ги читаат приказните за добра ноќ за бунтовни девојчиња


Аренби-музичарката Алиша Кис и холивудската актерка Ешли Џад се дел познатите жени со моќен глас што ги читаат приказните во аудиоизданието на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“. Покрај нив, во аудиоверзијата на книгата како наратори се јавуваат драматурката Данаи Гурира, музичарката Есперанца Спалдинг, актерката Џенин Гарофало, Мозан Марно од серијата „Куќа од карти“, Роуан Бланшар од „Девојката се сретнува со светот“ и Самира Вили од „Приказната на слугинката“ и „Портокаловата е новата црна“.
Алиша Кис ја чита приказната за Нина Симон. Таа ги споделува музичките почетоци на легендарната пејачка, како и нејзиниот активизам за граѓански права.
– Својата страст и гордост Нина ја преточила во својата музика. Таа не можела да го поднесе расизмот. Сакала афроамериканските луѓе да бидат горди, да бидат слободни, да ги прифатат своите таленти и пасии без пресуди. Да се биде бунтовничка значи да го следиш своето срце, да најдеш нешто што ќе сакаш и да не мораш да ги следиш правилата. Бунтовните девојки го менуваат светот – изјави Кис за EW.

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од авторките Елена Фавили и Франческа Кавало е книга за деца и возрасни во која се вклучени сто приказни за добра ноќ за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс.
Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности. Неодамна, во светски рамки излезе вториот дел од книгата.

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина“, официјално беше промовирана во мај, во рамките на фестивалот „Прво па женско“.

Книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина“, официјално беше промовирана во мај, во рамките на фестивалот „Прво па женско“, а беше претставена и на 30. издание на Саемот на книгата. Книгата е достапна во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, како и на продажниот штанд во ТЦ „Рамстор“. Книгата може да се нарача на страницата literatura.mk на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.