Обама летово се освежува со „тешки“ политички книги

Поранешниот американски претседател Барак Обама на својот профил на „Фејсбук“ откри што чита овој период. Тој летово се „освежува“ со пет книги и еден есеј со политичка содржина. Во својот пост нагласува дека откако ја изгледал последната сезона на шпионската ТВ-серија „Американците“, тој се посветил на читање книги.
– Често ме прашуваат што читам, гледам или слушам, па си реков дека повремено можам да споделам кратка листа со мојот избор. Изминатиов период има толку многу добро напишани изданија, уметнички дела и разновидност на размислување, што оваа листа во никој случај не може да биде сеопфатна. Како и на многумина од вас, ќе ми недостигаат „Американците“. Но, еве – ова се насловите што го читам во последно време. Тоа е очигледно малку „потешка“ листа од она што вообичаено се чита во текот на летото.

* „Лицето на иднината: семејна мистерија, епска потрага и тајната на припадност“, од Алекс Вагнер
(Futureface: A Family Mystery, an Epic Quest, and the Secret to Belonging, by Alex Wagner)
Еднаш напишав книга за моето истражување на идентитетот, па бев љубопитен да видам што открила Алекс, чијашто мајка е од Бурма, а татко ѝ е од Ајова (САД) и е со ирско католичко потекло. Таа создала внимателна, убава медитација за тоа што нè прави она што сме – потрага по хармонија помеѓу нашиот сопствен идентитет и вредностите и идеалите што нè поврзуваат заедно како Американци.

* „Новата географија на работни места“, од Енрико Морети
(The New Geography of Jobs, by Enrico Moretti)
Иако е стара шест години, оваа книга сепак нуди навремена и паметна дискусија за тоа како различни градови и региони се приспособија на промените во економијата. Авторот посочува како креаторите на политиките можат да научат да ги подобрат околностите за работа на Американците насекаде.

* „Зошто либерализмот не успеа“, од Патрик Денен
(Why Liberalism Failed, by Patrick Deneen)
Во време кога нееднаквоста е во пораст, забрзување на промените и зголемување на разочарувањето од либерал-демократскиот поредок што го знаевме во изминатите неколку векови, ја доживувам оваа книга како мошне провокативна. Не се согласувам со повеќето заклучоци на авторот, но книгата нуди убедливи согледувања за губењето на значењето и заедницата што многумина од Западот ги чувствуваат – прашања што либерал-демократите ги игнорираат на сопствената опасност.

* „Во сенката на статуите: Белиот југ се соочува со историјата“, од Мич Ландриу
(In the Shadow of Statues: A White Southerner Confronts History, by Mitch Landrieu)
Пред неколку години, го одликував пречесниот Клемента Пинкни, кој беше убиен во црквата во Чарлстон, Јужна Каролина. Никогаш нема да заборавам што кажа Клем додека беше жив: „На југот, длабоко се цени историјата. Ние никогаш не сме имале почит кон историјата на другите“. Ова се содржи во срцевината на книгата на Мич, кој се бори со некои од најболните делови од нашата историја и како тие сѐ уште живеат во сегашноста. Тоа е крајно оптимистички потег за некој што верува дека Југот повторно ќе воскресне, не со повторно поставување на минатото, туку преку надминување на тоа.

* „Распаѓање на вистината: Првично истражување на укинувањето на улогата на фактите и анализата во американскиот јавен живот“, од Џенифер Кавана и Мајкл Д. Рич, корпорација RAND
(Truth Decay: An Initial Exploration of the Diminishing Role of Facts and Analysis in American Public Life, by Jennifer Kavanagh and Michael D. Rich, RAND Corporation)
Насловот е очигледен, но наодите се многу интересни. Книгата дава поглед како селективното сортирање на фактите и доказите не е само нечесно туку е и самопоразувачко. Пред сè, за општеството што отсекогаш функционирало најдобро кога имало разумна дебата и практично решавање на проблемите.

* „9,9 проценти е новата американска аристократија“, од Метју Стјуарт, „Атлантик“
(The 9.9 Percent Is the New American Aristocracy, by Matthew Stewart, The Atlantic)
Уште една прониклива и провокативна анализа, овој пат за тоа како економската нееднаквост во САД не само што расте туку само зајакнува… Што значи тоа за образованието, здравјето, среќата, дури и за силата на нашата демократија.

Доколку ве интересираат книги со политичка содржина, може да ја разгледате понудата на „Литература.мк“ и да нарачате на следниот линк.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.