Касарната Рами, како библиотека, треба да биде една од најатрактивните точки во културниот и уметничкиот простор на Истанбул

Со реставрација на касарната Рами во Истанбул се планира да се направи најголемата библиотека во Турција, а за тој проект властите ќе обезбедат 37 милиони евра, известува „Анадолија“.
Проектот за реновирање го води Министерството за култура и туризам на Турција, а планирано е корисниците да имаат на располагање најмалку седум милиони книги.
Касарната Рами се простира на 220.000 м2 површина и треба да стане една од најатрактивните точки на културниот и уметничкиот простор во Истанбул.
Изградена по 1780 година
„Покрај седумте милиони книги што ќе им бидат понудени на љубителите на книгата, таму ќе се случуваат и други културни, општествени и уметнички настани“, најави Чоскун Јилмаз, директор на Управата за култура и туризам на Истанбул.
Во рамките на книжарницата ќе има место и за колекционерите, како и ателје што ќе раскажува приказни за книгите, поточно каде што ќе може да се гледа целиот процес на создавање, од изработка на хартијата, пишувањето на книгата до поврзувањето – всушност целото раѓање на книгата, вели Јилмаз.
Касарната е изградена по 1780 година и се смета дека е еден од најзначајните архитектонски објекти во воената историја на Турција.
Седиште на султанот Махмут Втори
„Ова место е едно од најважните дела на воената архитектура, а едно е и од воените седишта на султанот Махмут Втори“, раскажува Јилмаз.
Според него, интензивно се работи на градежните работи за да можат тие да бидат завршени во најкус рок.
„Се предвидува на почетокот на 2020 година библиотеката да биде ставена во употреба“, најави Јилмаз.
Извор:
http://balkans.aljazeera.net/vijesti/istanbul-pretvara-slavnu-kasarnu-u-biblioteku