Џијан Емин – несудениот автоелектричар, повеќе од успешен музичар – гостин во „Астрорум“

 

Како дете мечтаел да свири со Берлинската филхармонија, а последниве години и да диригира со неа. Речиси да не постои сомнеж дека Џијан Емин ќе ја оствари и оваа своја дамнешна желба, кога зад себе има достигнувања за кои мечтаат многу уметници на целата планета. До неодамна, две децении беше прв хорнист на Македонската филхармонија, а последниве години диригира со неа на речиси сите настани што ги вклучуваат модерните мултижанровски претставувања на овој престижен оркестар. Иако е хорнист со формална диплома и мултиинструменталист со богато неформално искуство, наскоро ќе се здобие и со втората титула – дипломиран оркестарски диригент. Ова беше доволен предизвик нашиот уредник Бранка Костиќ-Марковиќ да го покани Џијан Емин во „Астрорум“ и да се обиде да дознае подробности од животниот пат на еден од водечките современи музичари во Македонија и на Балканот.

Овој сестран музичар е роден во Скопје и владее со многу инструменти, но веќе е познат и по неговите креации како композитор на музика за различни ансамбли, театарски продукции и филм, како продуцент на повеќе албуми, но и како уметнички директор на различни музички фестивали. Исто така, тој, освен со домашните, настапувал и со многу други оркестри, меѓу кои и Белградската филхармонија, „No Borders Orchestra“, „East-West Orchestra“, како и во оркестарот „F.A.M.E.S.“. Во последниов оркестар, тој, покрај улогата на хорнист, ги извршувал и функциите на оркестратор и диригент. Само како оркестратор, реализирал повеќе од педесет проекти од различни жанрови на музика, од кои повеќето се музика за филмови.

Во неговата раскошна кариера, Џијан Емин соработува со реномирани музичари, од кои некои се добитници на наградите „Оскар“ и „Греми“: Еј-Ар Рахман, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Франческо Беарѕати, Лука Аквино, Џанлука Петрела, Малколм Брн, Дамо Сузуки, Дерик Меј, Џовани Фалцоне, Ернст Рејсегер, Хуан Аткинс, Џеф Милс, Феми Кути, Глорија Естефан, музичкото дуо „Ер“, продуцентот на „Дафт Панк“ и многу други.

Како диригент ги водел оркестрите на Македонската филхармонија, „Detroit Symphony Orchestra“, „Melbourne Symphony Orchestra“, „Parisian Orchestre Lamoureux“, Фландрискиот симфониски оркестар, „Orchestra de Cannes“, Белградската филхармонија, „Danubia Orchestra Obuda – Budapest“, изведувајќи дела што самиот ги компонирал и аранжирал.

This slideshow requires JavaScript.

Македонската јавност сè уште зборува за впечатоците од неодамнешниот маестрален концерт на Македонската филхармонија и култниот африкански музичар и активист Феми Кути, каде што зад пултот и оркестрациите стои токму Џијан. Но, како веќе да навикнавме да го поимаме за специјалист за концерти на отворено. Да потсетиме дека негово „масло“ беа и концертите „Скопје за Боуви“ и „Пинк Флојд“ во Градскиот парк, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“, остварен со пионерот на детроитската техно-сцена, Дерик Меј и Македонската филхармонија. Токму последниов концерт го прошета светот (САД, Австралија, Франција), а се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во фузијата на електронската и класичната музика. Кон нив ќе ги додадеме и концертите „Париз те сакам“, проект што, исто така, излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта), мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“ во „Мала станица“, што се издвои по иновативноста, како и серијата успешни концерти со оркестарот на Здружението на џез-музичари на Македонија… Ова е само дел од разните форми и жанрови низ кои Џијан умешно ја живее својата уникатна музичка перцепција и наметнува една нова звучна естетика. Самиот ќе каже дека не може да ги наброи сите свои досегашни проекти и соработки, затоа што се многу. Но, ние ќе се обидеме да споменеме уште неколку, што го формираа неговиот денешен музички хабитус – солистичките и камерните концерти како хорнист, членувањето и творењето со бендовите, како што се „Проект жлуст“, „Д.Н.О.“, Квартетот на Георги Шаревски, „Скопје конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, многубројните дискографски изданија, ангажманите со оркестарот за снимање на филмска музика „Фејмс“, меѓу чиишто проекти се најде и неговата оркестрација на музиката на Мет Феди, што го одбележа најголемиот новогодишен огномет што се случи во Дубаи.

Зар не е доволно?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.