Oсум најдобри филмови инспирирани од култни романи

Вљубениците во книгата ретко ќе најдат екранизација што ќе ги задоволи нивните критериуми, а читањето книга, по одгледаниот филм, дефинитивно ја уништува магијата. Токму затоа се отвора ново прашање, книга или филм?

„Крамер против Крамер“ / Kramer vs. Kramer (1979)

Ова е еден од оние филмови за кои сите слушале, а малкумина го гледале. „Крамер против Крамер“ е приказна за судската битка меѓу поранешните сопружници, за нивното заедничко дете. Во главните улоги се Дастин Хофман и Мерил Стрип.

Наградениот филм со „Оскар“ е создаден според две години претходно издадената книга на писателот Ејвериј Корман. Сите што ќе вложат време во читање на романот, ќе се согласат дека книгата и на хартија и на филмско платно е актуелна и денес.

 

„Во потрага за среќа“ / The Pursuit of Happyness (2006)

Вил Смит одлично ја имаа одиграно оваа инспиративна човечка приказна. Во филмот го глуми Крис Гарднер, кој едвај врзува крај со крај, обидувајќи се да обезбеди иднина за својот син. Овој емотивен филм е создаден според автобиографијата на вистинскиот Кристофер Гарднер. Тој денес е мотивациски говорник и годишно одржува повеќе од 200 мотивациски говори. Како? Можеби и вас ќе ве инспирира оваа книга и филм…

„Седум години на Тибет“/ Seven Years in Tibet (1997)

Седум години на Тибет и мојот живот во дворот на Далај Лама е патопис на австралискиот и олимпискиот победник во скијање, Хајнрих Харера. Неговото сведоштво е вредна фактографија за случувањата на Тибет за време и по Втората светска војна. Оваа книга служи како основа за филмот „Седум години на Тибет“ во кој главната улога ја игра Бред Пит.

„Дони Браско“ / Donnie Brasco (1997)

Џеф Доминик Пистон, познат како Дони Браско, е поранешен ФБИ-агент, кој шест години поминал инфилтриран во семејствата Бонано и Коломбо, две од петте мафијашки фамилии во Њујорк. Со својата работа ги поставил темелите на успешно завршените тајни задачи во ФБИ и ЦИА. Поради својата вмешаност во мафијашките семејства, Пистон сè уште се крие од очите на јавноста, но зад себе ја има оставено книгата „Дони Браско, мојот таен живот во мафијата“, по која е направено сценариото за овој филм. Ликот на Дони Браско го толкува Џони Деп, рамо до рамо со Ал Пачино.

„Будења“ / Awakenings (1990)

Уште еден филм снимен по вистинска приказна. „Будења“ е настанат по истоимените мемоари на Оливер Сакс, британски невролог. Улогата на Сакс во филмот ја толкува Робин Вилијамс, кој ги открива позитивните ефекти на дрогата Л-Допа и почнува да ја тестира на кататоничните пациенти. Роберт де Ниро е во улога на еден од пациентите, кој со помош на оваа дрога ќе се разбуди од повеќедецениската кататонична состојба и ќе мора да се снајде во новата животна околина. Двоецот Вилијамс-Де Ниро со овој филм има обезбедено и неколку номинации за „Оскар“, а филмот се наоѓа меѓу култните изданија.

„Човек без тело“ / Hollow Man (2000)

Научно-фантастичната новела на Херберт Џорџ Велс служи како основа за филмот „Човек без тело“. Импресивните визуелни ефекти дури му обезбедија и номинација за „Оскар“ во 2000 година. Главниот лик е Себастијан Кејн, одигран од Кевин Бејкон, кој го открива серумот за невидливост и станува невидлив подолго време. Интерпретацијата за невидливост, според Велс, сепак е малку покомплексна. Него не му е потребен серум, туку неговиот главен лик си игра со оптика, прекршување и впивање на светлината. Сепак, книгата е објавена кон крајот на 19 век.

„Моите двесте години“ / Bicentennial Man (1999)

Покрај во „Будења“, Робин Вилијамс глуми и во уште една екранизирана книга, но овој пат не станува збор за вистинска приказна.

„Двестегодишникот“ е инспириран од кратката приказна на Исак Асимов, што служи како основа за романот „The Positronic Man“, напишан во соработка со Роберт Силверберг.

Вилијамс го глуми андроидот Ендрју, кој има улога да чисти дома. Во еден миг семејството почнува да се прашува дали Ендрју е добро програмиран или станува вистинска личност?

„Одовде до вечноста“ / From Here to Eternity (1953)

Фотографијата од филмот на која двојка лежи на плажа и страсно се бакнува е една од најпознатите филмски фотографии на 20 век.

Филмот е настанат врз основа на истоимениот роман на Џејмс Џонс, а фабулата е фокусирана на случувањата на трите американски војници, кои ги толкуваат Берт Ланкастер, Монтгомери Клифт и Френк Синатра, стационирани на Хаваи пред нападот на Перл Харбор.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.