Супермен го слави 80-тиот роденден

Во време кога суперхероите ги сретнуваме насекаде, особено во последните холивудски продукции, сепак еден се издвојува – Супермен.

 

Осумдесет години откога дебитираше во изданијата на „Eкшн комикс“ (Action Comics), објавени во јуни 1938 година, Супермен и понатаму е култната американска икона и неоспорна ѕвезда на стрипот. Издавачката куќа „ДС комикс“ денес смета на него многу повеќе отколку на почетокот на неговиот „живот“.

„Тој беше модел, основа за сите идеи за суперхероите“, објаснува Џеред Смит, продавач на стрипови во Вашингтон. „Супермен е идеализиран до крајност. Секогаш ја прави вистинската работа и настојува да направи добра работа“, додава тој.

Во првото издание на „Екшн комикс“, што во основата беше збирка на повеќе стрипови, Супермен имаше простор од 13 страници, на кои се раскажува приказната за Кал-Елу, вонземјанин со натприродна моќ од планетата Криптон, кој е пратен на Земјата од неговиот татко за да ја спаси планетата од уништување. Успехот беше миговен. За многу кусо време Супермен доби цело издание за себе. Осумдесет години подоцна, формулата е иста, суперхеројот е секогаш во својот црвено-син-жолт костум со симболот „С“ на градите. Независно дали се појавува на големиот или на малиот екран, во стрип или во видеоигра, секогаш се бори за вистината, правдата и „американскиот начин“.

„Мислам дека е восхитувачки фактот дека тој лик поттикна цел стриповски жанр и низ времето останаа неговото срце и неговата душа“, вели Брајан Мајкл Бендис, цртач на стрипови.

Супермен на Земјата е мигрант, одгледан од фармер и од неговата сопруга во измислениот град Смолвил. Го добил името Кларк Кент, а потоа како што расне станува новинар и се сели во Метрополис. Неговите творци Џери Сигел и Џо Шустер биле средношколци кога ја добиле идејата за создавање на ликот на Супермен. Нивните родители биле еврејски доселеници, а Супермен за нив е персонификација на американскиот сон – метафора на многубројни мигранти кои во триесеттите бегале од Европа со цел да најдат мир и перспективи во САД.

 

Во некој период од животот на Супермен, неговата популарност знаела да опадне. Сепак, совршеноста понекогаш била премногу за несовршената публика, која се вртела кон Спајдермен и Иксмен, бидејќи многу е поедноставно да се идентификуваат со нивните недостатоци.

„Го направија премногу моќен и за него ништо не претставуваше пречка. Затоа го измислија криптонитот од неговата планета, за да може да му се одземе дел од силата“, објаснува Смит.

За да го вклопат во општеството, авторите се обидуваа да го синхронизираат и со политичките и со социјалните промени на времето. Така, неодамна Супермен посака да го врати американското државјанство, за да протестира против владата за која мислел дека го предала. Во втората приказна тој го спаси работникот-мигрант од белите расисти. Како и секогаш, се бореше на „американскиот начин“.

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.