Пасионираниот колекционер на музички артефакти и автор на капиталната „Македонска рок енцикопедија“, Тошо Филиповски, гостин во „Астрорум“

„Македонската рок енциклопедија (1963 – 2018)“ е капитално дело од кое ќе имаат придобивка голем број минати, сегашни и идни генерации. Таа е искрен бележник од 500 страници на кои се втиснати 55 години музичка историја на 333 бендови и повеќе од 2.500 споменати музичари. Во ова ексклузивно енциклопедиско издание низ фактографијата поткрепена со 400 фотографии и еден компилациски компакт диск се вградени шест години макотрпна работа на долгогодишниот музички новинар, промотор, пасиониран хроничар и документарист на македонското рок-наследство, Тошо Филиповски.
Ова издание ја доживеа својата промоција на осми мај во Младинскиот културен центар и се претвори во вистински рок-хепенинг на многу генерации музичари. Утредента, енцклопедијата беше претставена и на штандот на „Литература.мк“ на Саемот на книгата.  Заради големиот интерес за средба со авторот и добивањето на ова важно издание во личните библиотеки на многу рокенрол-поданици, кои не беа во можност да дојдат на претходните две промоции, книжарницата Литература.мк, во рамките на проектот „Астрорум“ организираше уште една средба, каде што нашиот уредник Бранка Костиќ-Марковиќ направи отворен разговор со авторот Тошо Филиповски, давајќи ù можност на присутната публика да се вклучи во дискусијата за Македонската рок енциклопедија, но и на теми поврзани со македонскиот рокенрол, воопшто.

Тошо Филиповски е роден на 9.5.1969 година во Кочани. Сопруг е на Билјана и татко на Петар и на Софија. Уште во средношколските денови во Кочани, во 1986 го основа македонскиот пионерски хардкор-бенд „Die Himmelstrasse“. По враќањето од војска и по доаѓањето на студии во Скопје, започнува со својот музички активизам насочен кон развојот на македонската, пред сè андерграунд-сцена. На преминот од 1989 во 1990 година, го публикува првиот македонски музички фанзин, „Тешкото“, а со почетокот на новата декада започнува да се појавува и со повремени написи во „Студентски збор“, „Млад Борец“, „Тротоар“, „Метро“, „Џоинт“. Во периодот 1996 – 1997 е главен уредник на музичкиот магазин „Град“. Од 1992 до 2001 година е организатор на пет изданија на музичкиот „Underground Festival“, единствениот таков интернационален фестивал во Македонија во тој период. Сè до 2009 година, промовира и многубројни концерти на домашни и на странски панк- и хардкор-состави. Од 1990 година започнува и неговиот медиумски, пред сè радиоангажман, со неколку специјализирани емисии за македонска музика, најпрво на Младинското радио „Клуб 100“, потоа на Студентското радио, и најдолго на „Канал 103“, а со краткотраен ангажман ќе биде и на брановите на „Радио Равел“. Во периодот 1994 – 1997 година ќе се потпише како автор на култната музичка емисија „Досие“ на ТВ Сител, која ќе доживее 77 изданија. Од пролетта 1997 до есента 1998 година, на ТВ Телма, со сличен концепт за популаризација и за афирмација на македонската рок-сцена, ќе биде автор на емисијата „За македонцката музика“. Од 1994 до 2011 година, неговата издавачка куќа „Корпус Деликти Рекордс“ објавува десетина касети и цедеа на македонски бендови.

This slideshow requires JavaScript.

За време на својот ангажман (1998 – 2005) во Центар за изведувачки уметности „Мултимедиа“, го иницира еднодневниот уличен проект, протест во движење со име „Преку таквото“, одржан на 1.10.2001, кој претставува еден од првите организирани изблици на пацифистичкиот граѓански активизам на македонската рок-сцена. Во 2002 година, како дел од заедничкиот тим на ЦИУ „Мултимедиа“ и на „Литиум Рекордс“, го организира првиот музички фестивал на отворено во Македонија, „Аларм“. По некоја година, извесен период ќе работи и во „Литиум Рекордс“, како промотор на музичките настани во организација на издавачката куќа. Во првата декада од новиот милениум работи и како менаџер на „Кинг Наат Велиов & Original Kočani Orkestar“.

Повеќе од 30 години е активен и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена. Во последните 10 години активно работи на создавање услови за отварање на рок-музеј односно центар за истражување, архивирање и промовирање на македонската рок-музика. Тој е вистински хроничар на времето, за што сведочи неговата прва книга, една во серијата најавени.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.