Легендата на НБА лигата, Коби Брајант, реши своето кошаркарско знаење да го пренесе на помладите, но и да го направи достапно на многумина.
Славниот кошаркар најави дека наскоро од печат ќе излезе неговата книга „Менталитет на Мамба. Како играм јас“.
Содржината на книгата ги пренесува пристапите на игра што ги негувал Коби, како и фотографии создадени во текот на неговата 20-годишна кариера. Во неа се и изјавите на Пау Гасол и Фил Џексон.
Книгата на јавноста ќе ѝ биде достапна уште наесен, од 28 октомври 2018 година.
„Без сомневање, оваа книга ќе им помогне на многу млади таленти да станат големи кошаркари и ќе создаде можност да учат искуствено од животот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајан“, велат неговите фанови.